Во месеците април и мај 2024 година Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во соработка со Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност – Скопје, реализира кампања „На матурска вечер без автомобил“ со цел поголема безбедност на матурантите, особено за време на матурските прослави.
Кампањата се реализираше во Битола, Тетово, Охрид, Прилеп, Куманово, Берово, Скопје, Велес, Кочани, Гевгелија и др. Матурантите, преку едукативни предавања организирани во средните училишта, беа потсетени на сообраќајните правила и прописи кои треба да ги почитуваат како идни возачи и им беше упатен апел на матурската вечер да одат без автомобил заради својата и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, а доколку сепак одлучат да возат тогаш да не консумираат алкохол.