ЗИМСКА КАМПАЊА 2026 – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
      • Безбедно дете
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    ЗИМСКА КАМПАЊА 2026

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Автомобили
    11 ноември 2026

    Зимата носи предизвици. Безбедноста во сообраќајот е наша одговорност!

    Управувањето со моторно возило во зимски услови бара зголемена внимателност, одговорност и целосна подготвеност од секој учесник во сообраќајот. Намалената видливост, влажните коловози, снегот и голомразицата значително го зголемуваат ризикот од сообраќајни незгоди и ја наметнуваат потребата од повисоко ниво на сообраќајна дисциплина и превентивно однесување.

    Согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата
    од 15 ноември до 15 март, задолжително е поседување на пропишана зимска опрема во возилата.

     

    Деталните одредби од Правилникот за задолжителна опрема на возилата може да ги прочитате на следниот ЛИНК

     

    Задолжителна зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 kg претставува:
    – Зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарата од 4mm или доколку возилото поседува летни пневматици со минимална длабочина на шарата од 4mm да поседува синџири за снег кои одговараат на големината на погонските тркала.
    Задолжителна зимска опрема на моторни возила со погон на сите тркала (4×4) претставува:
    – Зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарата од 6mm или летни пневматици со минимална длабочина од 4mm, доколку возилото поседува синџири за снег најмалку за задната осовина во случај кога возилото има постојан погон на сите тркала, или синџири за снег најмалку за погонските тркала кога возилото има преклопив погон.
    Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 kg , односно ТТВ се подразбира:
    – зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочината на шарите на
    слојот што гази, по обем и широчина, од 6 mm.
    – пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што
    гази, по обем и широчина, со минимум од 4 mm. ако возилото во приборот има
    синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни
    помагала.
    – автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да
    постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на
    погонските тркала и – прирачен алат – лопата, вреќа со песок и сл.

    Зимата претставува период со највисок степен на ризик на патиштата, каде главните опасности за возачите се:
    • лизгави коловози заради снег, мраз или „голомразица“, појава која често е невидлива и особено опасна;
    • намалена видливост поради густа магла, врнежи;
    • подолг пат на сопирање и нестабилност при нагли движења;
    • намалена концентрација и замор на возачите.

    Затоа, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со Зимската кампања упатува јасна порака до сите учесници во сообраќајот:

    Следете ја состојбата на пат со клик на ова поле

     

    – Прилагодете ја брзината на движење кон условите на патот, а не на дозволениот максимум;
    – Користете задолжителна зимска опрема за возилото;
    – Проверете ја техничката исправност на возилото за упрабвување во зимски услови;
    – Одржувајте безбедно растојание и избегнувајте нагли маневри (сопирање, забрзување или свртување).
    – Не управувајте возило под дејство на алкохол, психоактивни супстанции или кога сте заморени.
    – Посветете посебно внимание на пешаците, велосипедистите и другите ранливи категории учесници во сообраќајот.

    Запомнете: зимските услови не ги намалуваат последиците од неодговорното однесување – тие го зголемуваат ризикот.
    Безбедноста во сообраќајот не е прашање на среќа, туку на свесност, знаење и одговорност!
    Безбедното учество во сообраќајот е заедничка одговорност. Секое правилно донесено решение зад воланот може да спречи сообраќајна незгода, да спаси човечки живот и да заштити нечие семејство од ненадоместлива загуба.

    НА ПАТОТ НЕ СТЕ САМИ. ВАШАТА ОДГОВОРНОСТ Е НЕЧИЈА БЕЗБЕДНОСТ!

    Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата

    #РСБСП #ЗимскаКампања #БезбедностВоСообраќајот #ОдговорноВозење

    „ВОЗИ ОДГОВОРНО“ – „СЕКОЈ ЖИВОТ Е ВАЖЕН“

    " ВозиОдговорно, РСБСП, РСБСПвоЗима, Совети
    Претходна Објава:
    РСБСП Национална Стратегија за Безбедност во Сообраќајот 2026-2030
    Следна Објава:
    РСБСП и МВР со едукативна активност во рамки на кампањата „Јас внимавам“
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и МВР со едукативна активност во рамки на кампањата „Јас внимавам“

    Промоција на Националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2026-2030: „Секој живот е важен”

    Претседателот на РСБСП дел од „XV Меѓународна конференција за безбедност на сообраќајот во локалните заедници“ во Република Српска

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и МВР со едукативна активност во рамки на кампањата „Јас внимавам“
    • ЗИМСКА КАМПАЊА 2026
    • РСБСП Национална Стратегија за Безбедност во Сообраќајот 2026-2030

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS