Горан Ангеловски – РСБСП – Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

м-р Горан Ангеловски

Претседател на Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Роден 18.12.1975 година Кратово, а живее во Скопје.

Образование:

  • Магистер по безбедносни науки.
  • Факултет за детективи и безбедност
    ФОН Универзитет Скопје

Работно искуство:

Од 01.07.1994 до 31.08.2024 година вработен во Министерство за внатрешни работи.

  • Началник за сообраќај;
  • Главен инспектор за сообраќајни работи и превенција;
  • Командир на полициска станица за безбедност на патниот сообраќај;
  • Заменик командир на полициска станица за безбедност на патниот сообраќај;
  • Раководител на безбедносен сектор во полициска станица за безбедност на патен сообраќај;
  • Дежурен полициски службеник во полициска станица за безбедност на патен сообраќај;
  • Полицаец за БПС;
  • Приправник за полицаец.

Стекнати сертификати:

  • Сертификат за завршена обука Стрес при работа и работна исцрпеност (Aмбасада на Република Италија во РМ и Мисија на OSCE во Скопје).
  • Сертификат за завршена обука за Систем за снимање со мобилни камери (МССК) (Амбасада на САД во РМ).
  • Сертификат за завршена обука за раководни работници за спроведување на оценување (Центар за Обука на МВР).
  • Сертификат за завршена обука за Модел на полициско работење водено од информации.(MBP на PM).
  • Сертификат за завршена обука за Организација и справување со големи настани(Амбасада на Република Франциіа во РМ).
  • Сертификат за завршена обука за Техники на менаџмент (Амбасада на Република Франција во РМ).
  • Сертификат за завршена обука Човекови права и полициіата во демократија(Мисија на OSCE во Скопје).
  • Сертификат за завршена Обука за контрола и регулирање на сообраќај(Центар за Обука на МВР).

Членства во професионални тела:

  • Член на работни групи за изготвување на ЗБСП (Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата) и ЗВ (Закон за возила), претседател и член на работни групи за изготвување на подзаконски акти од закон од областа на безбедноста во сообраќајот и полициските работи.
  • Член на комисија за дисциплински постапки за вработени во БЈБ при МВР;
  • Член на Градски совет Скопје за безбедност на сообраќајот на патиштата;
  • Член на меѓународна полициска асоцијација ИПА.

Награди:

  • Награда за 7-ми мај ден на македонската полиција.

Мандат:
Со Одлука на Собранието на Република Северна Македонија за именување на Претседател и членови на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, бр. 08 - 5426/1 донесена на седницата на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 12.11.2024 година, објавена во Службен весник на РСМ бр. 208/25 од 13.11.2024 година, м-р Горан Ангеловски е именуван за Претседател на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

РСБСП Членови

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата брои 18 членови кои ги избира Собранието

РСБСП © | Политика за приватност
Developed by RCRTS