Промоција на Националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2026-2030: „Секој живот е важен” – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
      • Безбедно дете
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Промоција на Националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2026-2030: „Секој живот е важен”

    1. Насловна
    2. Активности
    3. Конференции
    4 ноември 2026

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата денес, 4 ноември 2026 година, во Скопје ја промовираше Националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата во Република Северна Македонија за периодот 2026-2030 година. На промоцијата беа претставени визијата, мисијата, стратешките цели и приоритетните области на дејствување, насочени кон намалување на сообраќајните незгоди и нивните последици, со јасна определба за заштита на човечкиот живот и визија за иднината: „СЕКОЈ ЖИВОТ Е ВАЖЕН”.

    На настанот свои воведни обраќања имаа министерот за внатрешни работи, м-р Панче Тошковски, министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, заменик-министерката за транспорт, проф. д-р Калтрина Зеколи Шаќири и претседателот на РСБСП и Претседавач со Координативното тело за подготовка и следење на имплементацијата на Националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2026-2030 година, м-р Горан Ангеловски.

    По воведните обраќања, д-р Никола Дујовски, член на Координативното тело за подготовка и следење на имплементацијата на Националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2026-2030 година, ги презентираше визијата, мисијата, стратешките и специфичните цели, како и приоритетните области утврдени во Стратегијата, ставајќи акцент на системскиот пристап во унапредувањето на безбедноста на сообраќајот и заштитата на човечкиот живот како највисока општествена вредност.

    Подготовката на Стратегијата е резултат на широка институционална и стручна соработка. Со Координативното тело претседава претседателот на РСБСП, м-р Горан Ангеловски, а во процесот на нејзината подготовка беа вклучени претставници на надлежните институции, академската заедница, граѓанскиот сектор, невладините организации и стручната јавност. Ваквиот пристап овозможи креирање сеопфатен стратешки документ заснован на знаење, искуство и меѓусекторска соработка.

    Националната стратегија, усвоена од Собранието на Република Северна Македонија на 3 септември 2026 година, претставува национална рамка за унапредување на безбедноста на сообраќајот во наредниот петгодишен период. Стратегијата е усогласена со европската рамка за безбедност на патиштата 2021-2030 и се темели на принципите на „Vision Zero” и пристапот „Safe System”, според кои човечките грешки се неизбежни, но нивните последици не смеат да бидат фатални.

    Стратегијата утврдува стратешки и специфични цели

    Стратешка цел за намалување на бројот на сообраќајни незгоди во 2030 година за 50 проценти во однос на 2024 година, како и целосна усогласеност со „Vision Zero” до 2050 година. Оваа цел се однесува на севкупно намалување на инцидентите на патиштата преку подобрување на превенцијата, рано препознавање на ризиците и континуирано унапредување на сообраќајната култура кај сите категории учесници во сообраќајот. Намалувањето на бројот на незгоди е директно поврзано со подобрување на управувањето со ризиците во сообраќајот, модернизација на инфраструктурата, развој на системи за контрола на брзината и примена на дигитални технологии за следење и анализа.

    Стратешка цел за намалување на бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди во 2030 година за 50 проценти во однос на 2024 година, како и целосна усогласеност со „Vision Zero” до 2050 година. Целта се однесува на заштитата на човечкиот живот како врвен приоритет во сообраќајната политика. Фокусот е насочен кон критичните фактори што доведуваат до фатални последици: несоодветна брзина, возење под дејство на алкохол, некористење сигурносен појас, недржење безбедно растојание, непочитување на првенството на минување и возење при замор или невнимание. Постигнувањето на целта подразбира спроведување насочени превентивни мерки, поинтензивен надзор и современи едукативни кампањи за промена на однесувањето на учесниците во сообраќајот.

    Стратешка цел за намалување на бројот на тешки телесни повреди во 2030 година за 50 проценти во однос на 2024 година, како и целосна усогласеност со „Vision Zero” до 2050 година. Намалувањето на тешките телесни повреди претставува еден од клучните индикатори за ефикасноста на системот за безбедност на сообраќајот. Тоа подразбира подобрување на инфраструктурата на високоризичните делници, редизајн на критичните крстосници, зголемување на видливоста и безбедноста на ранливите категории учесници во сообраќајот, како и воспоставување поефикасен систем за медицински одговор и постинцидентна грижа.

    Овие цели се поврзани со долгорочната определба на државата за создавање сообраќаен систем во кој секое патување ќе заврши без загубени животи и без сериозни повреди.

    Стратегијата ги дефинира и петте приоритетни области преку кои ќе се реализираат предвидените мерки и активности:

    • Управување со безбедноста во сообраќајот на патиштата;
    • Безбедни патишта и брзини;
    • Безбедни возила;
    • Безбедни учесници во сообраќајот;
    • Грижа по сообраќајна незгода.

    Во рамките на овие приоритетни области се утврдени конкретни цели, мерки, активности, носители, рокови и индикатори за следење на напредокот, а за нивна реализација е изработен и Акциски план за периодот 2026-2028 година.

    Националната стратегија предвидува воспоставување современ систем за управување со безбедноста во сообраќајот, подобрување на патната инфраструктура, зајакнување на безбедноста на возилата, континуирана едукација на учесниците во сообраќајот и унапредување на системот за итна медицинска помош и грижа по сообраќајна незгода. Посебно внимание е посветено на ранливите категории учесници во сообраќајот, односно пешаците, велосипедистите, мотоциклистите, децата, постарите лица и лицата со инвалидитет.

    РСБСП и Координативното тело ќе продолжат активно да ја следат имплементацијата на Стратегијата, да ја поттикнуваат институционалната координација и да реализираат превентивно-едукативни активности со цел подигнување на јавната свест и развивање култура на безбедно учество во сообраќајот.

    „Секој живот е важен” не е само слоган, туку заедничка обврска на институциите, стручната јавност и граѓаните за создавање побезбедни патишта, намалување на страдањата во сообраќајот и заштита на човечкиот живот како највисока вредност.

    " Активности, Горан Ангеловски, Панче Тошковски, РСБСП
    Претходна Објава:
    Претседателот на РСБСП дел од „XV Меѓународна конференција за безбедност на сообраќајот во локалните заедници“ во Република Српска
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Промоција на Националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2026-2030: „Секој живот е важен”

    Претседателот на РСБСП дел од „XV Меѓународна конференција за безбедност на сообраќајот во локалните заедници“ во Република Српска

    РСБСП НА СВЕЧЕНАТА АКАДЕМИЈА ПО ПОВОД 65 ГОДИНИ ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ – БИТОЛА

    Последни објави од РСБСП

    • Промоција на Националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2026-2030: „Секој живот е важен”
    • Претседателот на РСБСП дел од „XV Меѓународна конференција за безбедност на сообраќајот во локалните заедници“ во Република Српска
    • МВР, ОКТА и РСБСП со нова кампања за поголема безбедност во сообраќајот.

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS