Претседателот на РСБСП присуствуваше на свечената академија по повод 65 години Технички факултет – Битола
Претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), м-р Горан Ангеловски, на покана на деканот на Техничкиот факултет – Битола, присуствуваше на свечената академија организирана по повод одбележувањето на јубилејот – 65 години од основањето на Техничкиот факултет – Битола.
На свеченоста присуствуваа претставници на академската заедница, институции, стопански субјекти и долгогодишни соработници на факултетот, при што беше оддадена почит на генерациите професори, инженери и студенти кои во изминатите децении придонесоа за развојот на инженерството, науката и индустријата во државата.
Учеството на РСБСП на овој значаен јубилеј претставува уште една потврда за добрата соработка со Техничкиот факултет – Битола и заложбите за нејзино понатамошно продлабочување, особено во областите поврзани со безбедноста во патниот сообраќај, инженерските науки, иновациите и едукацијата на младите кадри.
РСБСП упатува искрени честитки до раководството, професорите, студентите и сите вработени на Техничкиот факултет – Битола по повод овој значаен јубилеј и им посакува уште многу успеси во нивната работа и развој.
💟 Секој живот е важен.
