РСБСП ГО ОДБЕЛЕЖА СВЕТСКИОТ ДЕН НА СЕЌАВАЊЕ НА ЖРТВИТЕ ОД СООБРАЌАЈНИ НЕЗГОДИ – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
      • Безбедно дете
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП ГО ОДБЕЛЕЖА СВЕТСКИОТ ДЕН НА СЕЌАВАЊЕ НА ЖРТВИТЕ ОД СООБРАЌАЈНИ НЕЗГОДИ

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Автомобили
    15 ноември 2026

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), во соработка со Министерството за внатрешни работи, ОСБСП и останатите партнери, на 15 ноември 2026 година го одбележа Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди.

    Централниот настан се одржа во Градскиот парк во Скопје, на кој присуствуваа претставници на институциите, академската заедница, граѓанскиот сектор и голем број граѓани, кои заеднички оддадоа почит на жртвите во сообраќајни незгоди и упатија порака за поголема одговорност и безбедност во сообраќајот.

    Во своето обраќање, претседателот на РСБСП, м-р Горан Ангеловски, истакна дека зад секоја статистика стојат човечки судбини и семејства кои засекогаш живеат со последиците од една сообраќајна незгода.

    „Овој ден не е само ден на сеќавање, туку и повик за заедничка акција. Секој живот изгубен на патиштата е потсетник дека безбедноста во сообраќајот мора да биде приоритет на сите нас. Само преку едукација, превенција, одговорно однесување и институционална соработка можеме да создадеме побезбедни патишта и да спасиме човечки животи”, истакна Ангеловски.

    На одбележувањето беше нагласено дека бројот на жртви во сообраќајни незгоди во Република Северна Македонија бележи намалување, при што во 2025 година животот на патиштата го загубиле 132 лица, наспроти 142 лица во 2024 година, а во првите десет месеци од 2026 година се бележи тренд на намалување на бројот на загинати од околу 25%.

    Иако овие податоци претставуваат позитивен исчекор, тие истовремено потсетуваат дека секој изгубен живот е неприфатлива загуба која бара континуирани напори за подобрување на безбедноста во сообраќајот.

    Во рамките на настанот, симболично беа пуштени балони со бројот 132, кој го претставува бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди во текот на 2025 година, а беше реализиран и симболичен марш низ Градскиот парк во чест на сите оние кои ги загубиле своите животи на патиштата.

    На присутните граѓани им беа поделени превентивно-едукативни материјали со пораки за одговорно однесување во сообраќајот и почитување на животот како највисока вредност.

    Во реализацијата на настанот активно учество зедоа и учениците од сообраќајната секција на АСУЦ „Боро Петрушевски” – Скопје.

    Одбележувањето на Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди претставува потсетник дека безбедноста во сообраќајот е заедничка одговорност на институциите, возачите, пешаците, велосипедистите и сите други учесници во сообраќајот.

    РСБСП апелира: Да се сеќаваме, но и да делуваме. Да градиме култура на одговорност, почит и безбедност во сообраќајот, затоа што секој живот е важен. 💟🚦

    " Активности, Вози Одговорно, МВР, РСБСП
    Претходна Објава:
    РСБСП Гостување на Дејан Андоновиќ – “Newsmax Balkans” на тема припрема на возило во зима
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП ГО ОДБЕЛЕЖА СВЕТСКИОТ ДЕН НА СЕЌАВАЊЕ НА ЖРТВИТЕ ОД СООБРАЌАЈНИ НЕЗГОДИ

    РСБСП и МВР со едукативна активност во рамки на кампањата „Јас внимавам“

    Промоција на Националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2026-2030: „Секој живот е важен”

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП ГО ОДБЕЛЕЖА СВЕТСКИОТ ДЕН НА СЕЌАВАЊЕ НА ЖРТВИТЕ ОД СООБРАЌАЈНИ НЕЗГОДИ
    • РСБСП Гостување на Дејан Андоновиќ – “Newsmax Balkans” на тема припрема на возило во зима
    • РСБСП и МВР со едукативна активност во рамки на кампањата „Јас внимавам“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS