Денес, во Белград, во просториите на Агенцијата за безбедност на сообраќајот на Република Србија, Гордана Кожуваровска, претседател на РСБСП, и Тони Јакимовски, секретар на РСБСП, присуствуваа на работен состанок со Бранко Стаматовиќ, директор на Агенцијата за безбедност на сообраќајот.
На состанокот се разговараше за тековните активности на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Агенцијата за безбедност на сообраќајот, како и за реализацијата на заедничката кампања „Вози одморен“ којашто веќе неколку години успешно се реализира долж коридорот 10 во двете соседни држави. Кампањата и оваа година ќе се реализира со низа заеднички активности на граничните премини и во двете соседни држави во текот на летниот период со цел зголемување на безбедноста на сообраќајот и минимизирање на бројот на повредени и настрадани лица во сообраќајни незгоди.