Апел до сите учесници во сообраќајот, особено до возачите на моторни возила, да ги почитуваат правилата и прописите во сообраќајот, да ја почитуваат препорачаната брзина, да не возат под дејство на алкохол, почесто да прават паузи за одмор, оние кои патуваат на подолги релации да запираат барем на секои 2 часа за да направат пауза од 15 мин., да не го потценуваат заморот, да патуваат одморени и наспани, затоа што сообраќајните незгоди кои се последица на заморот најчесто завршуваат фатално.
