Претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), м-р Горан Ангеловски, секретарот на Советот д-р Марија Ѓошева Крстески и членот на Советот проф. д-р Зоран Јошевски учествуваа на 17. Меѓународна научна конференција „Безбедност 2030: Ера на паметни технологии, отпорни општества, ризици и предизвици“, која се одржа во Охрид, во организација на Факултетот за безбедност – Скопје, а под покровителство на Министерството за внатрешни работи.
Во рамките на конференцијата, претставниците на РСБСП презентираа два научно-истражувачки труда кои обработуваат актуелни теми од областа на безбедноста и современите технолошки предизвици:
„Безбедносни аспекти на однесувањето на корисниците на лесни електрични возила (електрични тротинети)“
„Улогата на вештачката интелигенција во заштитата на критичната инфраструктура од современи ризици и закани“
Со своето учество на оваа меѓународна научна конференција, РСБСП ја потврдува својата посветеност кон следење на современите трендови, унапредување на научно-истражувачката дејност и размена на знаења и искуства во областа на безбедноста и безбедноста во сообраќајот.
Учество на вакви научни собири претставува значаен придонес кон развојот на современи пристапи и решенија за унапредување на безбедноста, како и поттик за понатамошна соработка помеѓу научната заедница, институциите и стручната јавност.
Секој живот е важен. 🚦💙
