Носи кацига! Биди внимателен и одговорен учесник во сообраќајот! Секојдневно сме сведоци на примери кога овие возачи кацигата ја носат на раката наместо на главата. Затоа апелираме на поголема внимателност и одговорност, како и задолжително носење на заштитниот шлем-кацига на главата бидејќи тоа е еден од факторите за заштита на возачите и лицата кои се превезуваат со велосипед, мопед и електричен тротинет.