Започна првата меѓународна конференција за безбедност на сообраќајот на патиштата – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Започна првата меѓународна конференција за безбедност на сообраќајот на патиштата

    1. Насловна
    2. Активности
    3. Конференции
    Започна првата меѓународна конференција за безбедност на сообраќајот на патиштата
    30 септември 2016

    Денес во Скопје започна Првата меѓународна конференција за безбедност на сообраќајот на патиштата, на тема: „Управување со безбедноста на патниот сообраќај во Југоистична Европа-предизвици и насоки за дејствување“. На Конференцијата присуствуваа претседателот на РСБСП, м-р Стојче Стаменковски, заменик на претседателот на Владата на РМ, м-р Владимир Пешевски и претседател на Координативното тело за безбедност на сообараќајот на патиштата, дополнителниот заменик-министер во МВР, доц. д-р Оливер Андонов, и Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов.

    Конференцијата ја отвори Претседателот на Република Македонија, а воедно и Покровител на истата, Ѓорѓе Иванов. Тој во своето обраќање пред присутните истакна дека секој учесник во сообраќајот има право да биде безбеден и да се движи безбедно, но и честопати забораваме дека тоа право подразбира и лична одговорност на секој учесник во сообраќајот, односно зависи од триаголникот на правото, одговорноста и почитувањето.

    „Ниту нови патишта, ниту нови закони, ниту повисоки казни, нема да ја намалат смртноста на патиштата ако не работиме на развивање на сообраќајната култура. Култура и етика што ќе се градат и пренесуваат преку семејствата, училиштата, автошколите, сè додека не прерасне во општоприфатена навика. За да го постигнеме сево ова неопходен ни е холистички пристап и затварање на кругот на одговорноста за тоа кој, кога и за што е одговорен“ – посочи Претседателот Иванов. Тој понатаму потенцираше дека оваа Конференција за безбедност во сообраќајот ќе го израмни патот за да стигнеме до целта, а целта не е само да се постигне европскиот просек.

    „Целта е да не се плашиме кога нашите деца одат на училиште, кога нашите млади се враќаат од забави, кога нашите блиски патуваат. Целта е нашите возачи да не бидат закана за сопствениот и за животите на другите луѓе. Целта е да престане да се лее човечка крв по нашите балкански патишта“-потенцираше Иванов.

    Претседателот на Републичкиот совет за безбедност на  сообраќајот на патиштата, м-р Стојче Стаменковски, во своето излагање, посочи дека потребата од регионална дискусија за регионални иницијативи и потреба од изнаоѓање на унфицирано решение е главната причина поради која РСБСП ја организира Конференцијата.

    „Оваа Конференција претставува одлична можност заеднички да продолжиме да го градиме системот за управување со безбедност на сообраќајот на патиштата во Југоисточна Европа. Загубените човечки животи, бројните семејни трагедии и човечките судбини кои секојдневно се испишуваат на патиштата во земјите од регионот и пошироко, се поразителен факт кој треба да нè загрижува сите. Затоа, очекувам на Конференцијата, сите поединечно да ги изнесат своите погледи и ставови, за тоа, што е направено и што треба да се направи во наредниот период, од аспект на секоја одделна институција и организација и од аспект на секоја земја поединечно, а во поглед на политичките, безбедносните, правните, организационите, техничките, научните, социолошките и другите елементи кои влијаат врз безбедноста на сообраќајот на патиштата“-истакна Стаменковски. Тој понатаму потенцираше дека од овој научен настан треба да излезат конкретни препораки за идните активности на повеќе надлежни институции и организации, конкретни препораки кои треба да бидат преземени на национално ниво, но и препораки за тоа како заеднички да дејстуваме во наредниот период за да се намалат сообраќајните незгоди со фатални последици на патиштата во Југоисточна Европа.

    Претседателот на Координативното тело за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, м-р Владимир Пешевски, кој во изминатиот период даде силна поддршка за спроведувањето на јавните кампањи за подигање на јавната свест за одговорно учество во сообраќајот, во своето обраќање истакна дека управувањето со безбедноста на сообраќајот на патиштата е еден од високо поставените приоритети и цели на Владата на Република Македонија, што гарантира дека во наредниот период ќе бидат применети сите расположливи ефективни мерки и ќе биде ангажиран целокупниот институционален и општествен потенцијал за намалување на последиците од сообраќајните незгоди.

    Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Оливер Андоновски, посочи дека изминативе години министерството самостојно, но и како партнер било дел од многу кампањи посветени на сообраќајот.

    „Нашето делување е фокусирано на повеќе нивоа почнувајќи од децата и младите, па се до интензивирањето на сообраќајните контроли низ целата држава. Иако ни се забележува на ригорозноста, ние сепак сме одлучни во нашиот пристап за подигање на безбедноста во сообраќајот на едно високо ниво и притоа јасно демонстрирајќи дека нема никаква толеранција за алкохолизираните возачи, за несиправните возила по коловозите, за непочитување на прецизните сообраќајни правила и прописи. Таквиот пристап спасува од ненадоместливи трагедии и големи материјални штети“-потенцираше Андонов.

    Со свое обраќање на присутните гости им се обратија и претседателите на меѓународните организации за безбедност во сообраќајот, г.Антонио Авеносо (ETSC) и г. Бенацер Булеажул (PRI).

    Откако ќе се усогласат ставовите меѓу земјите, истите ќе бидат преточени во „Декларација за интензивно дејствување и засилена соработка за помалку повредени и загинати на патиштата во Југоисточна Европа“ која ќе биде усвоена на крајот на Конференцијата.

    На Конференцијата присуствуваат претставници од сите надлежни институции од земјите од регионот, претставници од науката, професори, аналитичари, експерти, претставници од релевантни меѓународни организации и здруженија сè со цел размена на ставови, мислења и сугестии за ефикасно управување со безбедноста на патниот сообраќај во Југоисточна Европа. По свеченото обраќање Конференцијата продолжува со панел дискусија, на која обраќање ќе имаат Државниот секретар на МВР, Сања Димитриевска и претставници од водечките тела за безбедност во патниот сообраќај, а во понатамошниот дел збор ќе имаат и реномираните професори од земјите учеснички.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    За поголема безбедност на децата-пешаци во сообраќајот
    Следна Објава:
    Панел дискусијата ја отвори Државниот секретар на МВР, м-р Сања Димитриевска
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП со нова кампања за едукација на мотоциклисти, велосипедисти и е-тротинети за нивно безбедно учество во сообраќајот
    • РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата
    • РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS