За поголема безбедност на децата-пешаци во сообраќајот – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    За поголема безбедност на децата-пешаци во сообраќајот

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Деца во Сообраќајот
    За поголема безбедност на децата-пешаци во сообраќајот
    26 септември 2016

    Ризикот од повреди кај децата-пешаци е најголем кога тие се на возраст од 5 до 9 години. Истражувањата на релевантни меѓународни организации поврзани со безбедноста на децата во сообраќајот, покажуваат дека кај децата помали од 9 години, способноста за учење за безбедно учество во сообраќајот и вештините за проценка на брзината или за растојанието на возилата, се органичени и не се добро и целосно совладани.

    Децата помали од 9 години потребно е секогаш да бидат придружувани од поголемо дете или од возрасен кој ќе им помогне да ја преминат улицата. Родителите, пак, прво треба да му покажат на детето како правилно се преминува улица, потоа да го проверат детето, да им демострира што запамтило,  и на крај да му дозволат да оди само на училиште или на прошетки во околината, без негов надзор.

    Светските статистики укажуваат на некои факти на кои посебно треба да им посветиме внимание и тоа:

    Процентот на деца-пешаци кои се здобиле со повреди или настрадале од удар на возило, е поголем во септември или октомври, отколку во мај или јуни.

    Најголемиот  број  од децата страдаат или се здобиваат со повреди од сообраќајни незгоди во урбаните средини каде што сообраќајот е густ и има голема фрекфенција на возила, каде што има многу паркирани возила на сообраќајниците и каде што слободниот простор за игра  на децата е многу мал и ограничен.

    Ризикот ( процентот ) на фатални повреди од удар на возило кај децата кои живеат и се движат во руралните средини е поголем бидејќи на тие патишта се вози со поголема брзина и често тие се необележани и неосветлени.

    За поголема безбедност на децата кои како пешаци се вклучени во сообраќајот, посебно внимание треба да посветат возачите, родителите и секако самите деца.

    Возачи

    Следете ги поставените знаци кои укажуваат за ограничување на брзината. Во  населено место максималната дозволена брзина со која може да се движите е 50км/ч.

    Бидете подготвени во секое време безбедно да го застанете возилото,  посебно во близина на училиште или градинка или во областите каде што децата играат. Внимателно следете ги поставените знаци кои покажуваат дека во ваша близина има училиште или пешачки премин.

    Намалете ја брзината и пристапете со посебно внимание на оние места каде на коловозот има паркирано повеќе возила. Децата доаѓаат од ненадеж и најчесто меѓу возилата без да можете  навремено да ги забележете.

    Не паркирајте на места каде што играат децата и посебно внимавајте при паркирањето на возилото за да не ја загрозите безбедноста на децата во сообраќајот.

    Секогаш имајте на ум – возрасните, возачите се одговорни за безбедноста на децата во сообраќајот.

    Родители

    Шетајте/пешачете почесто со децата и бидете им пример за безбедно однесување на пешаците во сообраќајот.

    Покажете му го на вашето дете најбезбедниот пат од  дома до училиштето и обратно, одберете ја онаа траекторија која има најмалку сложени сообраќајни ситуации и каде конфлктните точки меѓу возилата и пешаците се минимални, и   објаснете му ја на  детето како, каде и на што да внимава.

    Научете ги децата да ги распознаваат сообраќајните знаци и начинот на кој се поминува улицата на пешачки премин или на раскрсница.

    Бидете сигурни дека вашето дете оди исклучиво по тротоар и научете го да држи правилно растојание меѓу работ на троарот и улицата.

    Научете ги децата  дека  најважно правило кое треба секогаш да го применуваат е преминување на улицата на семафор со зелено светло за пешаци, само на пешачки премин или само на прегледна раскрсница.

    Играта на улица, околу паркирани возила и меѓу паркирани возила – е забранета.

    Важно  правило кое оди заедно со строга забрана, а е во интерес на безбедноста на вашето дете во сообраќајот – е забрана за слушање музика, пишување пораки или разговор со другарчињата. Разговарајте со него и докажете му дека не треба да биде рассеан пешак.

    Деца

    Поминувајте ја улицата на пешачки премин, откако претходно ќе погледнете, лево, десно и пак лево. На крстосница каде што има семафори, секогаш чекајте да светне зеленото човече.

    Покажете со раката, дигнете ја, мафнете, привлечете го вниманието на возачот и покажете му дека сте подготвени да ја преминете улицата.

    Застанете, почекајте додека не запрат сите возила и додека не остварите контакт со очите со возачите, па потоа преминете на другата страна од улицата.

    Преминувајте со испружена рака и внимателно гледајте на двете страни додека ја преминувате улицата.

     

    РСБСП апелира:  Внимавајте на децата во сообраќајот! Да ги заштитиме нашите најмили од повреди и загуби!  Децата се нашата иднина, нашето најголемо богатство!

    РСБСП на сите деца им посакува успешна  учебна година и внимателно и безбедно учество во сообраќајот.

     

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Нова кампања за поголема безбедност на децата во сообраќајот „Секој ден да е безбеден“
    Следна Објава:
    Започна првата меѓународна конференција за безбедност на сообраќајот на патиштата
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП започнува со „Летна кампања 2025“ – Вози одморен!
    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети
    • Ангеловски за НМ: Превентивата е клучна за долгорочно намалување на ризиците и последиците од сообраќајните незгоди

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS