Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата испраќа апел за внимателно и одговорно учество во сообраќајот за време на празникот на љубовта и виното.
Празниците се одличен момент за споделување на радост и спомени со блиските и саканите. Но, за тие да бидат полни со љубов, потребно е совесно и одговорно учество во сообраќајот.
Затоа, РСБСП советува:
· Доколку пиете алкохол – НЕ управувајте со моторно возило, користете јавен превоз.
· Возете со внимание и грижете се за безбедноста на сите учесници во сообраќајот -Почитувајте ги сообраќајните правила и прописи.
РСБСП испраќа порака:
Почитувајте го животот – животот е еден!
Ако го прославувате Св. Валентин – опијте се од љубов, а ако наздравувате за Св. Трифун – покажете одговорност.
Честит празник на љубовта и виното, возете одговорно!