Денес претседателот на РСБСП, претставници од РСБСП, општинскиот Совет за безбедност на сообраќајот Кавадарци, Отсекот за превенција при СВР Велес и полициски службеници од ПО за БПС Кавадарци беа во Кавадарци на одбележување на празникот Свети Трифун, како дел од активностите во рамки кампањата #ВозиБезбедноВозиСоЉубов. На терен беше споделена пораката за празникот на љубовта и виното да се #ВозиБезбедноВозиСоЉубов и #АкоПиешНеВози
Во рамки на превентивно едукативната активност, во градот преку непосредна комуникација со возачите, полициските службеници и преставниците на РСБСП и ОСБСП укажуваа на важноста од почитувањето на сообраќајните правила и прописи особено за време на празникот Свети Трифун.
На граѓаните им беа поделени летоци со едукативна порака дека „Алкохолот и воланот не се добар пар“ и апел да не се управува со возило доколку се консумира алкохол, како и да се почитуваат правилата, прописите и ограничувањата на брзината, а се со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.






Честит празник на љубовта и виното, возете одговорно!