Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата повикува на зголемено внимание при управувањето со моторни возила за време на празничниот викенд!
Носете појас, почитувајте ги ограничувањата на брзината, не комбинирајте алкохол и возење, пропуштајте ги пешаците, возете одговорно, внимателно и одморени.
Доколку управувате со моторцикл, велосипед или тротинет секако не заборавајте дека мора да се #НосиКацига!
РСБСП Ви го честита 2 Август – Денот на Републиката! За многу години Илинден!