Работна средба за побезбеден сообраќај во Кавадарци помеѓу РСБСП и ОСБСП од општините во Тиквешкиот регион – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Работна средба за побезбеден сообраќај во Кавадарци помеѓу РСБСП и ОСБСП од општините во Тиквешкиот регион

    1. Насловна
    2. Активности
    18 февруари 2026

    Денес, 18.02.2026 година, во Кавадарци се одржа координативен работен состанок помеѓу Претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), м-р Горан Ангеловски, и претставници на општинските совети за безбедност на сообраќајот на патиштата (ОСБСП) од Тиквешкиот регион – Кавадарци, Неготино, Градско и Демир Капија, како и претставници на СВР Велес – Отсек за превенција.

    Целта на средбата беше унапредување на меѓусебната координација, зајакнување на организациските капацитети и дефинирање на приоритетните активности за наредниот период во областа на безбедноста на сообраќајот на патиштата.

    Фокусот на состанокот беше ставен на планирањето и синхронизацијата на идните активности помеѓу централното, регионалното и локалното ниво, со цел поефикасно и покоординирано спроведување на националните политики, програми и кампањи за зголемување на безбедноста на сообраќајот.

    Преку отворена и конструктивна дискусија беа разгледани актуелните предизвици со кои се соочуваат општинските совети, можностите за унапредување на меѓуинституционалната соработка, како и потребата од засилен теренски ангажман, континуирана едукација на граѓаните и воспоставување систематски и одржлив пристап кон превенцијата на сообраќајните незгоди.

    Овие активности се директен резултат и продолжение на заклучоците и декларациите усвоени и потпишани од градоначалниците и претставниците на локалната самоуправа на Првата национална конференција за безбедност на сообраќајот на патиштата во локалната самоуправа, која се одржа во декември 2025 година во Скопје.

    " градско, демир капија, Кавадарци, неготино, ОСБСП, работен состанок, РСБСП, Средба
    Претходна Објава:
    РСБСП со активности низ целата држава по повод 14 Февруари – Празникот на виното и љубовта
    Следна Објава:
    Преку театарска претстава децата од Скопје учеа за безбедноста во сообраќајот
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Преку театарска претстава децата од Скопје учеа за безбедноста во сообраќајот

    Работна средба за побезбеден сообраќај во Кавадарци помеѓу РСБСП и ОСБСП од општините во Тиквешкиот регион

    РСБСП со активности низ целата држава по повод 14 Февруари – Празникот на виното и љубовта

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и ЖРФМ: 8 Март – Почит, еднаквост и безбедност во сообраќајот за секоја жена
    • Преку театарска претстава децата од Скопје учеа за безбедноста во сообраќајот
    • Работна средба за побезбеден сообраќај во Кавадарци помеѓу РСБСП и ОСБСП од општините во Тиквешкиот регион

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS