РСБСП: Почетокот на учебната година е нашиот повик „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“! – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП: Почетокот на учебната година е нашиот повик „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“!

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Деца во Сообраќајот
    1 септември 2025

    Безбедното учество во сообраќајот на најмладите е голема одговорност за целото општество, сообраќајната безбедност не е само техничко прашање — тоа е вештина која треба да се учи од најмала возраст, да се практикува и постојано да се потсетува.

    Токму затоа и оваа година, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Министерството за внатрешни работи ги започнуваат превентивните активности и предавања во училиштата како дел од кампањата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.

    Кога децата ги стекнуваат овие навики уште во основно училиште, се гради довербата и основата од која понатаму растат во одговорни учесници во сообраќајот— не само за себе, туку и за другите.

    Во изминатите пет години (2019–2024), според податоци на МВР, 771 лице го загубиле животот во сообраќајни несреќи, а најчеста причина за несреќи со смртни последици и понатаму се брзото возење, непочитување на првенство на минување, возење во спротивна насока, и управување под дејство на алкохол. Овие бројки не се само статистики – тие се предупредување дека без грижа и дисциплина, секој учесник во сообраќајот може да заврши трагично.

    Со оглед на овие сознанија, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелира до возачите, родителите и децата за зголемена претпазливост и посветеност кон заедничката цел — безбедноста на учесниците, особено најмладите:

    Апел до возачите и родителите:

    • Пристапувајте со намалена брзина и зголемена претпазливост во зоните на смирен сообраќај (Зона 30 км/час.), особено околу училиштата и образовни институции.
    • Почитувајте ја сигнализацијата и пешачките премини, особено во утринските и попладневните часови.
    • Никогаш не паркирајте на места што ја попречуваат прегледноста кај пешачките премини.
    • Разговарајте со децата за важноста на безбедно движење по улиците и советувајте ги да го поминуваат коловозот само на пешачки премин или надпатник или потпатник, како и да погледнат во двете насоки на сообраќај пред да зачекорат преку пешачкиот премин.
    • Научете ги да користат тротоари и да се движат внимателно, особено околу паркирани возила на тротоарите.

    „Мини-совети“ до малите пешаци:

    • Изберете безбедна патека до училиштето – по тротоар, а не покрај коловоз.
    • Преминете ја улицата само на обележан пешачки премин и, кога го има, кога е активно зеленото човече (светло) на семафорот за пешаци.
    • Не играјте близу до улицата и паркираните возила.
    • Никогаш не поминувајте со трчање преку улицата или помеѓу паркираните автомобили.
    • Доколку некое другарче се однесува неодговорно и ненадејно излегува или игра на коловозот укажете му на грешката која ја прави.
    • Бидете внимателни во близина на електричните тротинети, велосипеди и мотори, тие може да се движат со голема брзина и постои опасност да Ве повредат при движење.

    РСБСП потсетува и апелира: секое непочитување на правилата носи сериозни ризици. Безбедноста не е случајност, туку резултат на дисциплина, грижа и одговорен пристап од страна на сите — возачи, родители, наставници, но пред сѐ децата.

    Заеднички, можеме да го направиме патот до училиште безбеден — да ги заштитиме децата во сообраќајот, секој ден, на секое место!

    " Безбедност, внимателно, возачи, Да ги заштитиме децата во сообраќајот, Деца, пешачки, родители, РСБСП, сигурност, Сообраќај, Училиште
    Претходна Објава:
    Превентивно-едукативна акција на РСБСП и АБС Србија на Г.П. Табановце / Прешево во рамки на кампањата „Безбедно во лето – #ВозиОдморен“
    Следна Објава:
    РСБСП и БРО: Проширување на воспитно-образовната програма во основните училишта со дополнителни теми за безбедноста во сообраќајот
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Претседателот и претставници на РСБСП, дел од работилница за нацрт методологијата за индикатори за безбедност во сообраќајот

    Прва национална конференција „Безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа“

    РСБСП на терен во Босилово со активности за одбележување на „Светскиот ден на жртви од сообраќајни незгоди“

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП Новогодишна кампања за безбедност во сообраќајот „Секој живот е важен“
    • РСБСП Апел за внимателно и одговорно возење во услови на магла и намалена видливост
    • Претседателот и претставници на РСБСП, дел од работилница за нацрт методологијата за индикатори за безбедност во сообраќајот

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS