Интервју за МРТ: Безбедноста во сообраќајот на исто ниво како лани, додека сообраќајната култура сè уште е ниска – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Интервју за МРТ: Безбедноста во сообраќајот на исто ниво како лани, додека сообраќајната култура сè уште е ниска

    1. Насловна
    2. РСБСП во медиумите
    30 декември 2024


    Претседателот на Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во новогодишното интервју за Македонската телевизија даде осврт за безбедноста во сообраќајот во текот на годината која изминува.  Говорејќи за бројките на загинати лица во текот на 2024 година, претседателот Ангеловски сподели дека бројот на настрадани лица во сообраќајни незгоди се очекува да биде на исто ниво како и минатата година, што остава простор за подобрување на состојбата во Новата година.

    Кога станува збор за активностите кои ќе ги спроведува Советот во текот на 2025 година, Ангеловски истакна дека РСБСП останува цврсто на своите заложби и определби, а тоа е намалување на сообраќајните незгоди со загинати лица, едукација на учесниците во сообраќајот, активно учество во домашни и меѓународни научни конференции од областа на безбедноста на сообраќајот на патишата, како и активен допринос во изготвувањето на законски и подзаконски акти кои ја регулираат оваа материја и преку стручни предлози, коментари, мислења и слично.

    „Улогата ја остваруваме и преку продлабочување на соработката меѓу институциите со цел подигнување на јавната свест кај сите учесници во сообраќајот на патиштата, а особено на децата како најранлива категорија учесници во сообраќајот.“ – рече Ангеловски.

    Дополнително, претседателот Ангеловски упати порака до сите учесници во сообраќајот дека единствениот вистински начин да се почувствува празничната атмосфера е одговорното и безбедно учество во сообраќајот.

    „Беспредметно е да говориме за казни и репресивни политики кога станува збор за основната вредност на човекот, а тоа е животот кој нема цена. Не си ги уништувајте празниците и не дозволувајте непочитувањето на правилата и прописите, невнимателното, неодговорно и нетолерантно однесување во сообраќајот да го наруши мирот и спокојството Вам, на Вашите најблиски и останатите учесници во сообраќајот.“ – порача м-р Горан Ангеловски во интервјуто за Македонската Радио Телевзија

    РСБСП Ви посакува среќни и безбедни празници со пораката ВОЗИ ОДГОВОРНО!
    " Безбедност, Видео, Вози Одговорно, Горан Ангеловски, Интервју, Кампањи, Македонска Телевизија, МРТ, Новогодишна Кампања, Новогодишни Празници, РСБСП, Сообраќај
    Претходна Објава:
    Алфа ТВ: Празничниот период и безбедноста на сообраќајот во фокусот на РСБСП
    Следна Објава:
    Новогодишна честитка од РСБСП: Возете одговорно и безбедно за празниците!
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS