РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“ – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    1. Насловна
    2. Активности
    12 октомври 2025

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), во соработка со Отсекот за превенција при СВР Велес , на 12 октомври (недела) со својот карван на безбедност во сообраќајот беше во Велес на третиот ден од манифестацијата „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“. Едукативниот инфо-штанд беше дел на изложбата на олд-тајмер автомобили и предизвика голем интерес кај бројните посетители.

    На штандот на РСБСП беа претставени едукативни материјали, флаери и препораки за подигнување на сообраќајната свест кај возачите, пешаците и најмладите учесници во сообраќајот. Голем интерес покажаа родителите заедно со најмладите посетители, за кои беа поделени едукативни материјали за сообраќајните правила и прописи прилагодени на нивната возраст, се со цел да се едуцираат за правилно и безбедно однесување во сообраќајот.

    Во рамки на настанот беа опфатени актуелните кампањи на РСБСП: „Стави појас“, „Не пиј кога возиш“, „Не користи мобилен телефон кога возиш“, „Паркирај совесно – Паркирај одговорно“, „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“, „Безбедно на мотор“, „Безбедно на е-тротинет“ и „Безбедно на велосипед – Заврти на сигурно“, наменета кон велосипедистите, како и кампањата „Безбедно во сообраќајот со трактор и земјоделска механизација“.

    Теренските активности на Советот заеднички со партнерите во кампањата и МВР секогаш се предмет на голем интерес од учесниците во сообраќајот и граѓаните, од кои дел прв пат се запознаваат со сообраќајните правила и прописи, а останатите имаат можност да се потсетат дека безбедноста е заеднички придонес на сите учесници во сообраќајот. Во таа насока, РСБСП продолжува со своите активности на терен под слоганот #РСБСПнаТерен со ефективна цел менување на навиките кај учесниците во сообраќајот преку едукација и зголемување на сообраќајната свест и култура преку превенција од сообраќајни незгоди, со цел создавање побезбедни патишта за сите учесници.

    " Безбедност во сообраќајот, Велес, Велосипедисти, возачи, е-тротинет, Едукација, Кампањи, моторциклисти, општина Велес, Паркирање, патна безбедност, Пешаци, Превенција, РСБСП, СВР Велес, Сообраќајна култура, сообраќајна свест, Фестивал на пита и вино - Питијада 2025
    Претходна Објава:
    Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    Следна Објава:
    Претседателот на РСБСП дел од „XIV Меѓународна конференција за безбедност на сообраќајот во локалните заедници“ во Република Српска
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и ОСБСП во Кратово преку театарска претстава ги едуцираше децата од основните училишта во градот

    Преку театарска претстава децата од Скопје учеа за безбедноста во сообраќајот

    Работна средба за побезбеден сообраќај во Кавадарци помеѓу РСБСП и ОСБСП од општините во Тиквешкиот регион

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП теренски ја започна камапњата за побезбеден сообраќај на мотоциклистите – „Безбедно на мотор“
    • РСБСП со кампања: Безбедно на мотоцикл
    • РСБСП со апел за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на Велигденските празници

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS