Животот е подеднакво кршлив – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Животот е подеднакво кршлив

    1. Насловна
    2. Проекти
    Животот е подеднакво кршлив
    4 декември 2015

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и во наредниот период продолжува со реализација на најавените кампањи.

    Новогодишните празници, а воедно целиот периодот кој следи, се познати како денови на убаво расположение, забави, но и на консумирање алкохол и брзо возење. За таа цел во наредниот период ќе се реализира кампањата „Животот е подеднакво кршлив“ во која акцентот ќе биде ставен на младите и неискусни учесници во сообраќајот, како посебна ранлива група во овој период од годината. 

    Целта на кампањата е да им покажеме на младите луѓе дека брзото возење, употребата на мобилен телефон и консумирањето алкохол при управување со моторно возило, се една од главните причини за сообраќајни несреќи и истите тие во комбинација со неискусен возач можат да бидат предизвикувачи на сообраќајни несреќи со фатални последици.

    Кампањата првенствено ќе биде со едукативен карактер, односно ќе бидат поделени специјално дизајнирани едукативни материјали со пораки и совети, кои младите учесници во сообраќајот треба да ги почитуваат за да бидат безбедни на патиштата. Покрај едукативните материјали, тие на оваа тема ќе се едуцираат и преку практични вежби. Во рамки на кампањата, РСБСП покрај совети и предавања, во Скопје и во сите остнати градови низ Македонија, ќе постави штандови со материјали за едукација.

    Во кампањата како партнери се вклучуваат ноќниот клуб „Станица 26“ и ресторанот „Барбакан“. Со нивна помош и взаемна соработка, преку тематски ноќни забави ќе се едуцираат најмладите на оваа тема.

    Од РСБСП посочуваат дека нивната цел е преку овие активности да ги објаснат ризиците и опасностите кои ги демнат возачите при несоодветно и небезбедно учество во сообраќајот и тоа непосредно пред да влезат во својот автомобил.

    Инаку, во светски рамки, според статистички податоци, сообраќајните несреќи се причина број еден за смртност кај младите на возраст од 15 до 19 години и втора причина за смртност кај младите од 20 до 24 години. Во Македонија, во првите 9 месеци, се случиле повеќе од 1000 сообраќајни несреќи во кои причина за несреќата биле брзото возење или пак возењето под дејство на алкохол

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Одржана шестата седница на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата
    Следна Објава:
    За секоја површина постои соодветна опрема
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • Превентивно-едукативна акција на Г.П. Меџитлија: „Безбедно во лето – #ВозиОдморен“
    • РСБСП започнува со „Летна кампања 2025“ – Вози одморен!
    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS