Во пресрет на претстојниот продолжен викенд, кога на патиштата се очекува зголемена фреквенција на возила и поголем број патувања, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатува апел до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни, одговорни и совесни.
✅ Почитувајте ги сообраќајните правила и ограничувањата на брзината
✅ Не управувајте возило под дејство на алкохол
✅ Користете сигурносен појас
✅ Не користете мобилен телефон додека возите
✅ Правете почести паузи при подолги патувања и возете одморени
🪢 Безбедното пристигнување на дестинацијата е поважно од брзото пристигнување. Секое неодговорно однесување може да има сериозни последици по вас, вашите најблиски и сите останати учесници во сообраќајот.
💟 Да покажеме сообраќајна култура, меѓусебна почит и одговорност.
🚦 Вози одговорно. Вози одморен. Почитувај ги правилата.
ЗАТОА ШТО СЕКОЈ ЖИВОТ Е ВАЖЕН!