БЕЗБЕДНОСТА НА ДЕЦАТА ВО СООБРАЌАЈОТ Е ЗАЕДНИЧКА ОДГОВОРНОСТ – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    БЕЗБЕДНОСТА НА ДЕЦАТА ВО СООБРАЌАЈОТ Е ЗАЕДНИЧКА ОДГОВОРНОСТ

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Деца во Сообраќајот
    1 септември 2026

    На први септември започнува новата учебна година. Со секое дете кое тргнува кон училиштето започнува и нашата заедничка обврска – да му овозможиме безбедно да стигне таму и безбедно да се врати дома. Да се грижиме за безбедноста на најмладите учесници во сообраќајот е заедничка одговорност на сите нас.

    Почетокот на новата учебна година носи зголемена раздвиженост на улиците и патиштата, особено во близина на училиштата. Поголем број ученици секојдневно ќе се движат пеш, со велосипед или со јавен превоз, поради што е неопходно сите учесници во сообраќајот да покажат поголемо внимание, одговорност и почитување на сообраќајните правила.

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира до возачите, родителите, наставниците и учениците – да бидеме внимателни, одговорни и солидарни, затоа што безбедноста на секое дете е наша заедничка обврска.

    Апел до возачите

    Во периодот пред и по почетокот на наставата, возачите треба да бидат особено внимателни во близина на училиштата, детските игралишта и на пешачките премини.

    • Намалете ја брзината и почитувајте ги ограничувањата, особено во училишните зони.
    • Застанете и пропуштете ги пешаците кои преминуваат или имаат намера да преминат преку пешачки премин.
    • Бидете внимателни на деца кои можат ненадејно да излезат на коловозот.
    • Не користете мобилен телефон додека управувате со возилото.
    • Не паркирајте на тротоари, пешачки премини и други места каде што го попречувате движењето на учениците.
    • Почитувајте ги сообраќајните знаци и сигнализацијата во близина на училиштата.

    Возете трпеливо и без брзање – неколку секунди задоцнување не се поважни од безбедноста на едно дете.

    Препораки до родителите

    Родителите имаат важна улога во создавањето правилни навики кај децата, како учесници во сообраќајот.

     

    Разговарајте со децата за правилата за безбедно движење во сообраќајот, особено со помалите ученици, заедно поминете ја најбезбедната патека од домот до училиштето.

    Научете ги децата:

    • секогаш да се движат по тротоар или пешачка патека;
    • коловозот да го преминуваат исклучиво на означен пешачки премин, кога тоа е возможно;
    • пред преминување внимателно да погледнат лево и десно и да се уверат дека преминувањето е безбедно;
    • да не трчаат преку улица и да не излегуваат ненадејно на коловозот;
    • да не користат мобилен телефон, слушалки или други електронски средства што им го одвлекува вниманието при преминување улица;
    • да носат заштитна кацига при возење велосипед.

    Препораки до учениците

    Децата се особено ранливи учесници во сообраќајот. Затоа, секој ученик треба да биде внимателен и да ги почитува сообраќајните правила.

    Запомни:

    • Види и биди виден
    • Не брзај кога ја преминуваш улицата.
    • Преминувај на пешачки премин и почитувај ги семафорите.
    • Секогаш провери дали возилата застанале пред да започнеш да преминуваш.
    • Не трчај и не играј покрај коловозот.
    • Биди особено внимателен кога излегуваш од автобус или друг вид превоз.
    • Ако одиш со велосипед, користи соодветна заштитна опрема и почитувај ги правилата за безбедно учество во сообраќајот.
    • Внимавај на сообраќајот и не дозволувај телефонот, слушалките или играта да ти го одвлечат вниманието.

    Почетокот на учебната година е потсетник дека сообраќајната безбедност не е само обврска на институциите. Таа започнува од дома, се потврдува во училиштето и се практикува секој ден на улица.

    Возачи, намалете ја брзината. Родители, разговарајте со децата. Ученици, почитувајте ги правилата.

    Заедно можеме да придонесеме секое дете безбедно да стигне до училиштето и безбедно да се врати дома.

     

    Нека новата учебна година започне со знаење, радост и безбедност!

    ЗА БЕЗБЕДНО ДЕТСТВО, ЗА БЕЗБЕДНИ УЛИЦИ, ЗА ЖИВОТ!

    СЕКОЈ ЖИВОТ Е ВАЖЕН!

     

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Ви посакува среќна и успешна учебна година!

    " Безбедност во сообраќајот, Да ги заштитиме децата во сообраќајот, Деца во сообраќај, Пешаци, РСБСП, Сообраќај
    Претходна Објава:
    РСБСП Апелира до сите учесници во сообраќајот
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    „Безбедноста започнува од тебе“ на МРТ

    Ангеловски на работилница за одржлива урбана мобилност – дел од активностите за унапредување на безбедноста на сообраќајот

    РСБСП на панел дискусија на Технички Факултет Битола по повод Меѓународен ден на културата во сообраќајот

    Последни објави од РСБСП

    • БЕЗБЕДНОСТА НА ДЕЦАТА ВО СООБРАЌАЈОТ Е ЗАЕДНИЧКА ОДГОВОРНОСТ
    • РСБСП Апелира до сите учесници во сообраќајот
    • „Безбедноста започнува од тебе“ на МРТ

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS