За секоја површина постои соодветна опрема. Користете зимска опрема додека возите за Вас и Вашата безбедност.
РСБСП советува:
- Користете пневматици на сите четири тркала со длабочина на шарите 4 милиметри. Со тоа не само што ќе ја исполните законската обврска, туку и ќе ја зголемите вашата безбедност. Доколку поседувате летни пневматици, задолжително треба да поседувате синџири за снег.
- Со себе секогаш треба да носите мала лопата, малку песок, стара крпа за бришење, метличка за чистење на снегот од стаклата, спреј против замрзнување на стаклата и спреј за брави.
- Излезете од дома десетина минути порано за да имате време да го загреете автомобилот, да ги одмрзните стаклата или да ги исчистите гумите од снег и мраз. Прегледноста на возачот во автомобилот со замрзнати или замаглени стакла е неколку пати намалена, “мртвите агли’ се зголемуваат и се добива впечаток дека возите тенк, а не автомобил.
- За полесно и побрзо да ги одмрзнете прозорите и ветробранското стакло вклучете ги сите потрошувачи на струја: светла, светла за магла, запалка, греачот на задното стакло, стиснете на кочница и вклучете ја климата.
На овој начин стаклата ќе ги одмрзнете за 3-4 минути, место за 10 колку што обично би ви биле потребни. Кога ќе се одмрзнат стаклата, едно по едно исклучете ја климата и останатите потрошувачи на струја кои не ви требаат.
- Почитувајте ја брзината на возење, посебно во близина на пешачки премин, училишта или градинки. Во зимски услови на возење, сопирачкиот пат е за 50% подолг отколку во нормални услови.
- Држете поголемо растојание со возилото пред вас.
- Не го менувајте нагло правецот на движење.
- Поспоро забрзувајте, намалувајте ја брзината со нежно отпуштање на гаста, притискање на кумплунг и постепено кочење.
- При влегување во кривина постепено одземајте ја брзината и кочете полека.
- На угорница и на удолница возете со помала брзина од онаа со која ви возеле во нормални услови.
- Бидете солидарни во сообраќајот
Во зима секогаш имајте полн резервоар, без разлика дали сте заглавени во гратскиот метеж или имате незгода на пат. Доволното количество гориво во резервоарот ќе ви ја осигура топлината која ќе ви биде потребна за безбедно да стигнете во вашиот дом.
ВОЗЕТЕ ОДГОВОРНО.