Возењето во есен носи многу предизвици – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Возењето во есен носи многу предизвици

    1. Насловна
    2. Корисни Совети
    Возењето во есен носи многу предизвици
    3 октомври 2017

    Есента е период од годината кога временските услови се нестабилни, често врне дожд, магла, ветер, а неретко во раните утринските часови на одредени осојни места има појава и на голомразица. Коловозите се влажни, денот е пократок, видливоста е намалена, а голем дел од  возачите (посебно оние кои се метеопати) делуваат уморно и неконцентрирано. Токму затоа, РСБСП потенцира дека возењето во есента носи многу предизвици и апелира на будност, внимателност и на концентрирано учество во сообраќајот и потсетува дека најголеми закани за безбедното одвивање на сообраќајот во овој период од годината се:

    • Намалена видливост. Краткиот есенски ден и облачното време го намалуваат видното поле на возачите. Токму затоа,  потребно е да се направат сите технички проверки на возилото, особено проверка на светлосните уреди и брисачите затоа што дождот, маглата и долгата ноќ во основа значи и патување, односно возење  под отежнати услови. Чувајте го ветробранското стакло и светлата  на возилото чисти и проверувајте го притисокот на гумите кои вообичаено во есента поради пониските температури е намален.
    •  Зголемена фрекфенција на (не-видливи) пешаци и велосипедисти.  Темната ноќ,  не добро осветлените коловози, неодговорни пешаци и велосипедисти придонесува во овој период од годината да се случуваат голем број на сообраќајни незгоди во кои страдаат пешаци и велосипедисти. РСБСП апелира до возачите да ја намалат брзината, особено во населено место, а исто така апелира до велосипедистите да користат светлосни уреди пропишани во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а посебно апелира до пешаците да користат светла облека, рефлектирачко елече или други додатоци со кои ќе бидат полесно и  навремено забележани од возачите.
    • Одрони на пат.  Честите врнежи на дожд карактеристични за овој период од годината предизвикуваат појава на одрони на патиштата. Бидете внимателни и почитувајте ја сообраќајната сигнализација и внимавајте на одрони на патиштата особено ако патувате во клисури или во планински предели.
    • Влажни коловози и коловози покриени со лисја.  Влажните коловози го продолжуваат сопирачкиот пат на возилото, а не ретко предизвикуваат и излетување на возилото од патот. Влажните есенски лисја на коловозот исто така може да бидат причина за пролизгување на возилото надвор од коловозот. Затоа, неопходно е да се намали брзината и истата да се прилагоди на условите на патот.
    • Животни на пат. Иако не е многу вообичаено за македонски услови, сепак есента е период од годината кога веројатноста од појава на животни на пат е поголема без разлика дали станува збор за домашни или за шумски/диви животни. Затоа бидете внимателни, особено ако возите во шумски или планински предели.
    • Водена бара на патот. За жал на некои делови од патиштата (за време или после дожд) водата се задржува подолго и во поголеми количини на коловозот. Смесата од вода, прашина, моторно  масло, гориво и други наслаги создава лизгава маса која може да го исфрли возилото од правилната траекторија на движење. Секогаш кога ќе забележите нешто сомнително на коловозот, бидете внимателни, намалете ја брзината и избегнувајте нагли движења,  како  на пример нагло сопирање или нагло свртување на возилото.
    • Ниското сонце е само уште еден од  многуте  предизвици кои  му се ,,закануваат“ на возењето во есен. Дури и повременото силно есенско  сонце може да биде незгодно за возачите, особено наутро или на зајдисонце. Користете го штитникот за сонце, а пожелно е да имате при рака и очила за сонце. Во случај да бидете ненадејно заслепени од сонцето, намалете ја брзината, но не застанувајте затоа што може и другите позади вас да се најдат во иста ситуација и да се случи сообраќајна незгода.
    • Ниски утрински и ноќни температури. Условно кажано есента е период кога се врши „зимска“ подготовка на возилото. Задолжително проверете го антифризот, акумулаторот, течноста за брисачите, заменете ги  навремено гумите и сите дотраени делови од возилото. Не дозволувајте ниските температури да ве затекнат вас и вашето возило неподготвени.
    • Во услови на магла, користете средни или специјални светла. Неправилната употреба на светлата го загрозува видното поле на останатите возачи. Во случај на привремено запирање на возилото користете соодветни светла за да може да бидете забележани од другите возачи.
    • Не преминувајте со возилото преку куп лисја затоа што може да наидете на непредвидена препрека (дупка, камен или друг тврд предмет) и никогаш не паркирајте на куп лисја затоа што сувите лисја може да се запалат од издувниот систем на возилото.

    Почитувајте го ограничувањето на брзината, бидете дефанзивен возач и држете безбедно растојание и на тој начин избегнете ги непријатностите кои може да настанат при возење во есенски услови.

    РСБСП со порака:  Не дозволувајте да бидете жртва на возењето во есенски услови. Возењето бара постојана внимателност, а одговорните возачи се постојано внимателни! Биди одговорен возач!

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Еко-свест и еко-возење за почиста средина и побезбеден сообраќај
    Следна Објава:
    Хуманитарна акција на РСБСП
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП започнува со „Летна кампања 2025“ – Вози одморен!
    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети
    • Ангеловски за НМ: Превентивата е клучна за долгорочно намалување на ризиците и последиците од сообраќајните незгоди

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS