Како општествено одговорен субјект кој поддржува позитивни општествени и пред се хумани вредности, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во соработка со Асоцијацијата за едукација, спорт, култура и здравје „ Едуко Плус“ во рамките на ,,Неделата на детето’’ реализира хуманитарна акција за децата од ПОУ „Д-р Златан Сремец“ – Скопје.
Хуманитарната акција се состоеше од обезбедување и донација на дидактички материјал за потребите на училиштето, со што РСБСП и партнерите дадоа свој скромен придонес кон унапредување на можностите на училиштето, за реализација на предвидените наставни и едукативни планови, програми и активности.
РСБСП изразува почит и благодарност кон училиштето и вработените за поддршката и љубовта со која ги извршуваат работните задачи, како и пријатната, топла, семејна атмосфера која владее во училиштето. Очигледно дека љубовта е поголема од сите препреки.