Еко-свест и еко-возење за почиста средина и побезбеден сообраќај – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Еко-свест и еко-возење за почиста средина и побезбеден сообраќај

    1. Насловна
    2. Активности
    Еко-свест и еко-возење за почиста средина и побезбеден сообраќај
    19 септември 2017

    Еко-возење за почиста средина и побезбеден сообраќај, е пораката која Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ја испраќа кон возачите.  Многумина  од возачите не знаат, многумина не се доволно информирани, многумина не веруваат, но истражувањата и фактите покажуваат дека со промена на навиките на однесување во сообраќајот и со промена на техниките на управување на моторно возило може да се заштеди гориво, да се заштедат средства, да се заштити  животната средина и да се направи  патниот сообраќај да биде побезбеден.

    РСБСП со корисни совети за возачите, како со еко-возење може да се остварат наведените цели:

    • Загревање и стартување на моторот на возилото. Новите возила и новите техники и технологии кои се имплементирани во современите возила, ја елиминираат потребата од неколкуминутно загревање на моторот на возилото во статична состојба. Напротив, препорачливо е да се стартува моторот и веднаш да се придвижи возилото со ниско ниво  на оптеретување – обртаи  на моторот, со што истиот ќе се загрее во движење. Со тоа ќе се заштеди гориво и емисија на штетни гасови.
    • Правилно менување на брзините. Кај возилата со рачно менување на брзините неопходно е менувањето на брзините да биде оптимално и контролирано, како би се оневозможило движење на возилото со поголем број на обртаи на моторот. Кај возилото со автоматски менувач на брзини, важно е да се врши постепено забрзување на возилото со тоа и автоматски и оптимално менување на брзините. Возилата кои имаа вградено и кај кои што функционира „Start-Stop“ системот се најефикасни во тој поглед и најмногу заштедуваат од потрошувачката  на гориво. „Start-Stop“  системот го исклучува моторот секогаш кога нема потреба тој да работи, што претставува особено практична карактеристика во урбаната средина, со што значително се намалува потрошувачката на гориво. ,,Start-Stop’’ системот се активира автоматски, откако моторот ќе стартува и може рачно да се прекине во кое било време. Според некои проценки при брзина од 50 км/ч,  доколку  возилото е во четврта брзина (четврт степен на менувачот),  заштедува до 10% од потрошувачката на гориво во споредба со истата брзина во трет степен на менувачот.
    • Возење со константна брзина и држење растојание помеѓу возилата. Наглото забрзување и забавување на возилото, наглото запирање и наглото стартување на возилото,  е небезбедно и значи поголема потрошувачка на гориво и поголема емисија на штетни гасови. 
    • Правилен товар. Товарете го оптимално вашето возило и товарете го првенствено внатрешниот дел на возилото. Додатните –  помошни средства на покривот на возилото ја нарушуваат неговата аеродинамичност, ја загрозуваат безбедноста и ја зголемуваат потрошувачката на гориво.
    • Проверувајте го притисокот на гумите. Редовно проверувајте го притисокот на гумите. Ако притисокот на гумите е помал од пропишаниот, нивниот отпор при тркалање е повисок од нормалниот, а со тоа се зголемува и потрошувачката на гориво. Промената на надворешната температура  влијае на притисокот на гумите. Затоа, редовно контролирајте го притисокот на гумите и придржувајте се на вредностите препорачани од производителот.
    • Планирајте го патувањето и избегнувајте патување во делови од денот или делови од патот каде што има најголем сообраќаен метеж.
    • Потрошувачка на енергија. Сите електрични системи во возилото се напојуваат со енергија од моторот. Оттука, колку повеќе ја користите електричната енергија во возилото, толку повеќе трошите гориво. Клима уредот црпи енергија од моторот. При високи температури, потрошувачката може да се зголеми за 25%. Затоа, прилагодете го клима уредот со разлика од надворешната температура од 4 до 5°C. На тој начин покрај заштеда на гориво исто така ќе се заштитите и од температурните шокови при влез и излез од возилото.
    • Затворени прозорци. Ќе заштедите гориво ако возите со затворени прозорци и го користите системот за вентилација за проветрување на возилото.
    • Редовно одржување на возилото. Лошата состојба на одредени делови од возилото значи и нарушување на функционалноста на системите во возилото, што многу често значи и поголема потрошувачка на гориво. На пр. – неисправен клима уред значи и поголема потрошувачка на гориво.

    Секој возач секогаш треба да биде свесен  за еколошката димензија кога го управува возилото, односно да практикува начини на возење кои за последица имаат намалена емисија на штетни гасови во атмосферата. 

    РСБСП потенцира дека со еко-возење потрошувачката  на гориво може да биде намалена  и до 30%, а  исто така и сообраќајните незгоди  на патишта може значително да се намалат.  Затоа практикувајте еко–возење,  наместо агресивно возење. 

     

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Свечена академија по повод 55 години РСБСП
    Следна Објава:
    Возењето во есен носи многу предизвици
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП започнува со „Летна кампања 2025“ – Вози одморен!
    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети
    • Ангеловски за НМ: Превентивата е клучна за долгорочно намалување на ризиците и последиците од сообраќајните незгоди

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS