Свечена академија по повод 55 години РСБСП – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Свечена академија по повод 55 години РСБСП

    1. Насловна
    2. Активности
    3. Конференции
    16 септември 2017

    Изминатите два дена се случија два особено важни настани  за Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

    Претседателот на Република   Македонија г-дин Горѓе Иванов  додели високо општествено признание „ Повелба на Република Македонија“   на Републичкиот совет. Доделувањето на оваа високо општествено признание е заслуга за сиот минат труд, за сите успешно организирани кампањи, конференции, настани и манифестации во изминатите години а поводот е  одбележувањето на 55 години активно постоење и работа на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

    Овој,  за нас, несекојдневен чин,  доделувањето на  високото  опшественото признание  „Повелба на Република Македонија“  на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, токму сега, кога Советот одбележува важен јубилеј  – 55 години постоење и активно дејствување,  за Советот,  претставува голема чест, доверба, обврска и мотив повеќе,  во иднина да продолжиме  уште  поинтензивно да работиме кон остварување на нашите заложби за намалување на бројот на настрадани лица во сообраќајни незгоди – изјави Претседателот на РСБСП – М-р Стојче Стаменковски по повод доделувањето на високото признание од Претседателот на Република Македонија.

    Мал број организации во Република Македонија кои можат да се пофалат со долгогодишна историја и кои повеќе од половина век се присутни, активни и поддржани од граѓаните. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, со своите активности, изминативе 55 години, се промовира  како едно од водечките тела во државата за унапредување на сообраќајно превентивното дејствување. Со своите бројни активности, Советот секојдневно ја демонстрира својата посветеност за градење општество со високо ниво на сообраќајна култура, општество со ефикасен систем за управување и контрола на патниот сообраќај.

    Во рамките на активностите за одбележување на 55 години постоење  и активна работа  на   РСБСП  изразуваме благодарност до сите општествени чинители  кои на било кои начин го поддржуваат  и помагаат РСБСП  во   остварувањето  на  високи хумани и цивилизациски вредности, како што е спасувањето  човечки животи и намалување на бројот на загинати и  повредени лица во сообраќајни незгоди и воедно уште еднаш ги повикуваме сите граѓани да бидат внимателни и одговорни учесници во сообраќајот, да покажат личен пример и секој учесник во сообраќајот да даде свој придонес за безбедно одвивање на сообраќајот .

    По повод јубилејот,  55 години постоење и активно дејствување  на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата,  вчера вечер во салата на Македонскиот народен театар во Скопје се одржа свечена академија.  На настанот присуствуваа голем број на афирмирани лица, експерти, професионалци  и многу други  кои изминатите 55 години беа дел од работата на РСБСП и  дадоа свој личен придонес и белег во унапредување на сообраќајна култура и подигнување на безбедноста во сообраќајот на патиштата.

    Во рамки на академијата свое обраќање имаше Претседателот на РСБСП Стојче Стаменковски која ја потенцира убеденоста и силната верба во тоа што Советот го работи и нагласи дека Советот и во иднина со уште посилен интензитет ќе работи за добробита на заедницата и општеството  со единствена цел безбедно патување и сообраќај без жртви.

    Државниот секретар во Министертвото за внатрешни работи Сања Димитриевска во своето обраќање на настанот истакна дека Министерството за внатрешни работи во своето работење става подеднакво акцент, како на превентивната компонента, и сообраќајно – превентивното дејствување, така и на присилата, односно санкционирањето на учесниците коишто не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи,  но потенцира дека колку и да настојува  Министерство за внатрешни работи,  не можеме да биде на секој дел и во секое време од сообраќајната мрежа во Р.Македонија, и токму поради тоа, нагласи суштински важна е улогата на РСБСП   во градење на ефикасен систем за справување со сообраќајните незгоди и жртвите од сообраќајни незгоди преку едукација и подигање на свеста и одговорноста  на учесниците во сообраќајот.

    Во знак на добра соработка, силна поддршка и делење заедничка визија за побезбеден сообраќај плакети добија: АМСМ, МВР, Црвен Крст и Д-р Никола Ангелески – поранешен претседател на РСБСП.

    Заложбите на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата секогаш биле и ќе остана  во насока на издигнување на безбедноста на патниот сообраќај, како највисок општествен приоритет и употреба на целокупниот институционален и општествен потенцијал  за намалување на бројот на настрадани лица во сообраќајни незгоди во Република Македонија.

     

    Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Повик за учесници – ОБУКА „Младите за безбедноста во сообраќајот“
    Следна Објава:
    Еко-свест и еко-возење за почиста средина и побезбеден сообраќај
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • Превентивно-едукативна акција на Г.П. Меџитлија: „Безбедно во лето – #ВозиОдморен“
    • РСБСП започнува со „Летна кампања 2025“ – Вози одморен!
    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS