“Употребата на сигурносен појас – шанса да се преживее” – трибина на РСБСП во Битола – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    “Употребата на сигурносен појас – шанса да се преживее” – трибина на РСБСП во Битола

    1. Насловна
    2. Кампањи
    12 февруари 2016

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, продолжи со реализација на сетот на трибини, насловени како „ Животот е во твои раце – вози одговорно“

    Вчера вечер, караванот на РСБСП ја посети Битола.  Трибината се одржа во домот на културата и пред преполна сала се дискутираше на темата „Употребата на сигурносен појас – шанса да се преживее“. На оваа трибина беа присутни претставници на општина Битола, експерти на темата сообраќај и трауматологија.

    Настанот го отвори Претседателот на РСБСП, г-дин Стојче Стаменковски, кој апелираше до секој од присутните да ги пренесе заклучоците до уште најмалку еден човек, со што ќе ја разбудат свеста кај граѓаните и ќе се зголеми безбедноста во сообрајќајот.

    Претседателката на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (ОСБСП), проф. д-р Верица Данчевска, во својата презентација, симболично наречена „ клик-клик “ (според звукот што го прави безбедносниот појас при своето закопчување), ги наведе најчестите причини за кои учесниците во сообраќајот тврдат дека се изговори за неносење на безбедносен појас . Но сепак, напомена, дека изгубеното време при ставање на појасот или минорното губење на комоција при новото возење не се ништо во споредба со фактот дека безбедносниот појас може да ни го спаси животот при сообрајќајна незгода .

     „Појасот не е само за возачот или совозачот, туку и за лицата кои седат на задната клупа од автомобилот. Впрочем, според истражувањата, најмногу страдаат тие што седат на задната клупа, токму поради тоа што лекомислено сметаат дека не треба да користат безбедносен појас”- истакна професорот по сообраќајна техника, д-р Зоран Јошевски. Од друга страна, според  д-р Јошевски, не треба да мислиме дека појасот не мора да се носи при управување со возилото при ниски брзини, затоа што токму тогаш појасот може да направи разлика помеѓу живот и смрт. При брзини од 120 или повеќе километри на час, дури и појасот игра мала улога.

    Претставникот на СВР Битола напомена дека доколку сите учесници во сообрајќајни несреќи носеле појас, бројот на смртни случаи или тешки телесни повреди би се преполовел.

    Професор д-р Виктор Камиловски со своето излагање подетално ги истакна траумите кои може да настанат од неносење на појас. Исто така, наведе и запрепастувачки податок дека  во еден ден во светот згаснуваат над 3.500 животи во сообрајќајни несреќи .

    По завршувањето на предавањата, беше оставен простор за публиката, која покрај креативните и продорни прашања, даде голема подршка на РСБСП -да продолжи со нивната мисија, т.е. преку зголемување на сообраќајната култура и свест да се намалат ризиците и несреќите кои произлегуваат од несовесното однесување во сообраќајот. 

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Денес се одржа седмата седница на РСБСП
    Следна Објава:
    Членови од Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата за возач-почетник
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • Превентивно-едукативна акција на Г.П. Меџитлија: „Безбедно во лето – #ВозиОдморен“
    • РСБСП започнува со „Летна кампања 2025“ – Вози одморен!
    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS