Денес со почеток во 12 часот се одржа 7та седница на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. На седницата беа разгледани 28 точки на дневен ред од кои што произлегоа повеќе заклучоци и одлуки.
На седницата се разговараше и се донесоа одлуки за активностите кои што РСБСП ќе ги превзема во наредниот период а со цел намалување на бројот на сообраќајни незгоди, од кои како најзначајни ги издвојуваме:
- Засилување на активностите за зголемување на сообраќајното образование во рамките на редовниот образовен процес, во чии што рамки ќе се организира и тркалкезна маса на тема: “Потребата од засилување на сообраќајното образование- начини и можности.”
- Организација на сообраќајно едукативни трибини под мотото „Животот е во твои раце – вози одговорно“ во Битола, Охрид, Струмица, Кавадарци, Штип, Куманово и др.
- Изготвување на студија за примена на индикатори за следење на безбедноста во сообраќајот
- Организирање на тркалезна маса на тема: “Ефикасен здравствен систем за намалување на последиците од сообраќајните незгоди“
Детектираќи ги најчестите грешки кои младите ги прават при управувањето со моторно возило РСБСП донесе одлука за организирање на неколку големи кампањи насочени кон:
- Штетните последици од употребата на мобилни телефони при управувањето со моторно возило
- Значењето од употреба на системи за пасивна безбедност
- Штетното влијание на алкохолот при управување со моторно возило
Советот на денешната седница донесе одлука за унапредување на меѓународна соработка на РСБСП и реализација на проекти во соработка со меѓународни партнери во кои што преку размена на позитивни искуства ќе се влијае врз зголемување на безбедноста на сообраќајот на патиштата.
Со цел вклучување на сите надлежни институции, експерти и заинтересирани страни од областа на сообраќајот во процесот на зголемување на безбедноста на сообраќајот, РСБСП во 2016 ќе организира уште неколку тркалезни маси од кои позначајни се:
- Тркалезна маса на тема: “Ефикасен здравствен систем за намалување на последиците од сообраќајните незгоди”
- Тркалезна маса на тема: “Мерки и инструменти на локалната самоуправа за побезбеден сообраќај”
Како промотор на алтернативните форми на мобилност, РСБСП донесе и неколку одуки за реализација на активности насочени кон пешаците, велосипедистите и активности насочени кон зголемување на свеста за позитивните влијанија од користењето на јавниот градски превоз и електричните автомобили.
На денешната седница Претседателот на РСБСП Стојче Стаменковски им подели Благодарници за посебен личен придонес во реализација на активностите на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата за 2015 година на 5 члена.