Во рамките на одбележувањето на Европската недела на мобилност 2026, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), во соработка со своите партнери, реализираше активности насочени кон промоција на одржливата мобилност, безбедното учество во сообраќајот и подигнување на јавната свест за алтернативните начини на превоз
Во Скопје, РСБСП во соработка со Одделението за превенција при СВР Скопје и учениците од СУГС „АСУЦ Боро Петрушевски”, на кејот на реката Вардар ја отпочна кампањата по повод Европската недела на мобилност, при што беше реализирано велосипедско дефиле со цел промоција на велосипедот како безбедно, практично и еколошко превозно средство

Истовремено, во Гевгелија, РСБСП заедно со ОСБСП Гевгелија и ОВР Гевгелија реализираше велосипедско дефиле во кое учествуваа ученици од ООУ „Крсте Мисирков” и ООУ „Владо Кантарџиев”, како и претставници на ГТК – Гевгелија Точак Клуб. Со оваа активност беше испратена порака за значењето на активната мобилност, користењето на велосипедот и другите алтернативни форми на превоз, како и за потребата од поголема сообраќајна култура и побезбедни услови за сите учесници во сообраќајот.

Европската недела на мобилност претставува можност да потсетиме дека секој избор за пешачење, возење велосипед, користење јавен превоз или друга одржлива форма на мобилност придонесува за почист воздух, помал сообраќаен метеж, поздрава животна средина и побезбедни улици.

🚶 Пешачи повеќе
🚴 Користи велосипед
🛴 Избери алтернативни форми на мобилност
🚌 Користи јавен превоз
🚦 Движи се безбедно
✅ Придонеси за поодржлив град
💟 Секој живот е важен.