Со трибина во Скопје започна циклусот на трибини на РСБСП „Животот е во твои раце–Вози одговорно“ – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Со трибина во Скопје започна циклусот на трибини на РСБСП „Животот е во твои раце–Вози одговорно“

    1. Насловна
    2. Кампањи
    4 февруари 2016

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во рамките на своите активности за зголемување на безбедноста во сообраќајот на патиштата особено кај младите, започна со циклусот на едукативно – образовни трибини под наслов „Животот е во твои раце–Вози одговорно“.

    Првата Трибина РСБСП ја одржа во Скопје, каде што присуствуваа повеќе од 100 млади лица. Од РСБСП истакнуваат дека трибини ќе се одржат во сите градови на Република Македонија, се со цел со еден непосреден пристап да се допре до младите и да се влијае на нивната одговорност како одговрни учесници во сообраќајот.

        Ниту еден автомобил нема да ја зголеми вашата безбедност, ниту да ве заштити од повреди, во случај на сообраќајна незгода. Моќниот автомобил во комбинација со брзо возење, алкохол и непочитување на сообраќајните правила, се причина број еден за сообраќајни незгоди со фатални последици – ова беше главната порака упатена до младите возачи на вчерашната трибина која се одржа во Скопје, во организација на РСБСП. Свои презентации и пораки за безбедност во сообраќајот до младите учесници кои дојдоа во голем број, упатија: професорот на техничкиот факултет во Битола и член на РСБСП, Зоран Јошевски, професорот на медицинскиот факултет, доктор-тауматолог, Виктор Камиловски и потпаролот на АМСМ, Росана Јанков.

       Професорот Јошевски на присутните им укажа за грешките кои најчесто ги прават младите возачи, потенцирајќи дека брзината е немилосрдна и најголем причинител за сообраќајни незгоди со смртни последици, а сето тоа произлегува од неискуството на младата популација и склоноста кон ризично однесување во сообраќајот. Тој додаде дека младите треба да бидат свесни дека ниту еден автомобил, без разлика дали станува збор за некоја од поскапите марки, нема да ја зголеми нивната безбедност и нема да ги заштити во сообраќајна незгода случена со голема брзина.

       Докторот Камиловски, во своето излагање акцент стави на повредите кои настануваат како последица од несовесното однесување на патиштата. Тој посочи дека, во случај на сообраќајна несреќа, првите минути се најважни за да се спаси повредениот, односно, многу е важно да му се пружи правилно прва помош и секако, веднаш да се повика брза помош.

       Во најголем број од сообраќајните несреќи, најмногу страдаат главата, вратот и р’бетот. Многу е важно да се користи безбедносниот ремен кога управувате со возилото бидејќи само на тој начин се отвораат безбедносните перничиња, но сепак, доколку брзината на движење е 200 километри на час, ниту тие не би можеле да ги спречат повредите кои можат да настанат, па дури и да бидат со смртен исход. Сепак, сите ние сме човечки суштества.

       „Сакам да потенцирам дека сами мора да бидеме свесни за последиците од несовесното однесување во сообраќајот, и да не мислиме дека нас тоа не може да ни се случи, туку одговорно и совесно да се однесуваме додека управуваме со возилото“ – истакна проф. Камиловски. Сообраќајниот трауматизам, односно повредите при сообраќајни незгоди, проф. Д-р Камиловски ги потенцираше како водечка причина за смрт кај младите.

       Потпаролот на АМСМ, Росана Јанков, посебно нагласи, колку е важно патиниците да ги користат безбедносните појаси, и не само на предните, туку и на задните седишта во автомобилот.

    Воедно упати апел да не се пречекорува дозволената брзина, да се управува возилото според условите на патиштата, да не се зборува на мобилен телефон додека се управува со возилото и да не се консумира алкохол и дрога, како едни од најголемите предизвикувачи на сообраќајни незгоди. 

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Унапредувањето на сообраќајната инфраструктура како фактор за поголема безбедност на сообраќајот на патиштата – тркалезна маса на РСБСП
    Следна Објава:
    Денес се одржа седмата седница на РСБСП
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Одржана јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“ по повод Недела на пешаците

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура
    • РСБСП и Македонското радио започнуваат директна соработка во насока на подигнување на јавната свест и сообраќајна култура
    • РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS