На иницијатива на Градот Скопје, во соработка со РСБСП, се одржа состанок на кој што се дискутираше за мерките и за чекорите кои треба да се преземат со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот во главниот град. Од одржаниот состанок произлезе конкретен акциски план од кој ќе се развие програма која ќе се спроведе за подобрување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот. РСБСП ја поздравува оваа иницијатива на Градоначалникот Трајановски.