Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата во рамките на Трибината организирана по повод Европската недела на мобилност, насловена како “Нашите улици, наша реалност“ која се одржа во Битола, потпиша меморандум за соработка со Техничкиот Факултет Битола.
Двете страни се спогодија дека постои взаемен интерес за остварување на долгорочна научна, техничка, образовна и апликативна соработка, која ќе се одвива во повеќе полиња, и тоа:
- Заеднички проекти од истражувачки, развоен и научен карактер
- Соработка во едукативни процеси преку ангажирање на стручни лица од практиката за реализација на клиничка (стручно-практична) настава
- Организирање и реализација на практична настава за студентите од Техничкиот факултет во Битола во зависност од расположливите можности
- Стипендирање на студенти од прв и втор циклус на студии чие поле на интерес е во делокругот на работа на вториот потписник
- Соработка при дефинирање на теми за дипломски, магистерски и докторски трудови во рамките на образовниот процес на Техничкиот факултет, а кои се во интерес на потписниците.
- Различни облици на научна, истражувачка и техничка помош
- Консултации и експертизи
- Воспоставување на контакти и презентација на договорените страни пред домашни и странски субјекти
- Организирање на тркалезни маси и размена на искуства
- Организирање на курсеви и обуки од страна на Техничкиот факултет и издавање на соодветни сертификати.
- Активности за подигање на јавната свест за правилно и одговорно учество во сообраќајот
- Други активности поврзани со зголемувањето и унапредувањето на безбедноста во сообраќајот на патишта
Ова е почеток на една соработка за која се надеваме дека добро ќе се одрази на зголемување на теоретското и практичното сфаќање, за решавање на проблемите во сообраќајот и на зајакнување и доoбрaзование на капацитетите на двете договорни страни, истакнуваат од РСБСП.