Претставници на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата во текот на вчерашниот ден, одржаа работна средба со Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата и со Градоначалникот од Богданци, г-ѓа Анастасија Олумчева.
Фокус на средбата беше како до побезбедни улици во градот Богданци, односно, поголема вклученост на Општината и ОСБСП во зголемување на безбедноста во сообраќајот на општинско ниво.