РСБСП ЗА БЕЗБЕДОСТ НА ДЕЦАТА ВО СООБРАЌАЈОТ ВО УЧЕБНАТА 2024/2025 ГОДИНА – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП ЗА БЕЗБЕДОСТ НА ДЕЦАТА ВО СООБРАЌАЈОТ ВО УЧЕБНАТА 2024/2025 ГОДИНА

    1. Насловна
    2. Активности
    2 септември 2024

    На почетокот на новата учебна година, РСБСП на сите ученици им посакува среќна и успешна учебна 2024/2025 година и апелира за зголемување на безбедноста на децата во сообраќајот на патиштата. Секој учесник во сообраќајот особено внимателно треба да се однесува во близина на училиштата и градинките. Но, не само возачите на моторни возила, во сообраќајот внимателни треба да бидат и децата и нивните родители.

    РСБСП препорачува родителите и наставниците да ги запознаваат и почесто да ги потсетуваат децата на основните правила и прописи во сообраќајот заради нивно безбедно учество во сообраќајот на патиштата.

    Децата се нашето најголемо богатство, нашата иднина. Императив на сите нас е да ја зголемиме безбедноста на децата во сообраќајот со што ќе ја заштитиме нашата иднина!

    Децата во сообраќајот најчесто учествуваат како пешаци, но често возат велосипед, тротинет, скејтборд, ролери итн. Тие се најмладите учесници во сообраќајот и наша заедничка најголема грижа.

    Затоа РСБСП на најмладите учесници во сообраќајот им препорачува:

    • да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи,
    • да го поминуваат коловозот на обележан пешачки премин,
    • пред да го преминат коловозот, да застанат и да погледнат лево и десно за да се сигурни дека нема возила,
    • да бидат внимателни кога се движат во услови на намалена видливост т.е. дожд и магла (по можност да носат облека во светли бои или рефлектирачко елече),
    • да не користат мобилен телефон или слушалки при преминување на коловозот,
    • да се упатат кон воспитно-образовните установи навремено за да избегнат брзање, трчање и невнимателност во сообраќајот.

     

    РСБСП на сите ученици им посакува

    СРЕЌНА И БЕЗБЕДНА УЧЕБНА 2024/2025 ГОДИНА!

    " Активности, Безбедност, ВозиОдговорно, Деца, Деца во сообраќај, РСБСП, Совети, Сообраќај
    Претходна Објава:
    Совет за месец септември
    Следна Објава:
    Zoom.mk: РСБСП за безбедност на децата во сообраќајот во учебната 2024/2025
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • Превентивно-едукативна акција на Г.П. Меџитлија: „Безбедно во лето – #ВозиОдморен“
    • РСБСП започнува со „Летна кампања 2025“ – Вози одморен!
    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS