Продолжениот викенд и празничните денови значат и погуст сообраќај, зголемен интензитет и фрекфенција на патиштата, а тоа влијае за зголемување на бројот на сообраќајни незгоди од кои некои и со фатални последици.
Водејќи се од тоа, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира на внимателно возење, дисциплинирано и смирено учество во сообраќајот.