Во месеците март и април 2024 година Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во соработка со Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност – Скопје, реализира кампања под мотото „Паркирај совесно и одговорно“.
Кампањата се реализира со цел унапредување на состојбата со паркирањето и зголемување на безбедноста на сообраќајот. Кампањата се реализираше во Скопје, Битола, Охрид, Кочани, Берово, Крива Паланка, Тетово и др. На возачите им беше поделен едукативно-превентивен материјал и беа потсетени на сообраќајните правила и прописи кои се однесуваат пред сѐ на запирањето и паркирањето на возилото, како и на нивната улога во зачувувањето на безбедноста на децата, пешаците, велосипедистите, лицата со посебни потреби и другите учесници во сообраќајот на патиштата.
Активности од кампањата ќе продолжат да се реализираат и во наредниот период.