РСБСП со апел: Внимателно и одговорно зад воланот за време на продолжениот празничен викенд! – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП со апел: Внимателно и одговорно зад воланот за време на продолжениот празничен викенд!

    1. Насловна
    2. Корисни Совети
    РСБСП со апел: Внимателно и одговорно зад воланот за време на продолжениот празничен викенд!
    8 октомври 2021

    Претстојниот викенд во пресрет на 11 Октомври, е продолжен и празничен, и очекувано е да се користи за патување, излети во природа и дружење со семејството и пријателите. Дел од граѓаните ќе останат во своите домови, но некои граѓани ќе ја искористат оваа празнична можност да отпатуваат во викенд куќи или хотели, да се упатат кон некој од многуте туристички центри или на прошетка во планина, покрај езеро и сл.РСБСП потсетува дека искуствата од минатите години покажуваат дека за време на празници, особено за време на продолжен викенд, многу често се случуваат сообраќајни незгоди со сериозни и фатални последици.

    РСБСП потсетува дека сообраќајот не е место каде што треба да се троши вишокот на адреналин. Последиците и загубите од сообраќајните незгоди се премногу сериозни, честопати фатални и ненадоместливи, за да може кој било да си дозволи неодговорно однесување во сообраќајот. Затоа, апелираме на етичност и одговорност, како и на максимално почитување на сообраќајните правила и прописи од страна на сите учесници во сообраќајот. 

    Во сообраќајот нема мали и големи грешки. Секое неправилно однесување во сообраќајот може да заврши со сериозни последици. Бидете одговорни учесници во сообраќајот и на тој начин придонесете доброто празнично расположение да трае и после одбележувањето на празниците. Преземете мерки за ваша и сигурност на другите учесници во сообраќајот. Безбедното одвивање на сообраќајот зависи од сите нас поединечно, од нашите лични одлуки и дејствијата кои ги преземаме.

    Затоа Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира:

    •             Возете одговорно и почитувајте ги сообраќајните правила и прописи

                   и поставената сообраќајна сигнализација.

    •             Задолжително ставете сигурносен појас.

    •             Не управувајте со моторно возило ако сте под дејство на алкохол.

    •             Почитувајте ги правилата за ограничување на брзината.

    •             Доколку сте се упатиле на подолг пат, правете паузи за време на патувањето.

    •             Бидете совесни и одговорни учесници во сообраќајот.

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ви посакува  весел и безбеден продолжен празничен викенд.

    #ВОЗИОДГОВОРНО!

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    ДА ЈА ЗАШТИТИМЕ НАШАТА ИДНИНА! ДА ЈА ЗГОЛЕМИМЕ БЕЗБЕДНОСТА НА ДЕЦАТА ВО СООБРАЌАЈОТ!
    Следна Објава:
    Честит 11 Октомври
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП со нова кампања за едукација на мотоциклисти, велосипедисти и е-тротинети за нивно безбедно учество во сообраќајот
    • РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата
    • РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS