ДА ЈА ЗАШТИТИМЕ НАШАТА ИДНИНА! ДА ЈА ЗГОЛЕМИМЕ БЕЗБЕДНОСТА НА ДЕЦАТА ВО СООБРАЌАЈОТ! – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    ДА ЈА ЗАШТИТИМЕ НАШАТА ИДНИНА! ДА ЈА ЗГОЛЕМИМЕ БЕЗБЕДНОСТА НА ДЕЦАТА ВО СООБРАЌАЈОТ!

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Деца во Сообраќајот
    ДА ЈА ЗАШТИТИМЕ НАШАТА ИДНИНА! ДА ЈА ЗГОЛЕМИМЕ БЕЗБЕДНОСТА  НА ДЕЦАТА ВО СООБРАЌАЈОТ!
    6 октомври 2021

    Децата се најранливите учесници во сообраќајот. За деца во сообраќај се сметаат лица на возраст од 0 до 14 години. За жал, сообраќајните несреќи се меѓу петте најчести причини за смрт на деца во светот. На секои четири минути на патиштата низ светот, едно дете го губи животот.

    Ваквите несакани настани предизвикуваат неописливи страдања и тага, и оставаат последици врз функционирањето на семејствата. Се рефлектираат и врз општеството кое останува лишено од многу млади животи кои со својот интелект и младост требало да бидат двигатели, односно „сила на општеството“.

                   Децата учествуваат во сообраќајот како патници, пешаци и возачи (пр. возачи на велосипеди). Според статистиката најголем број од децата стрaдаат како патници во возило, што е дополнето и со фактот дека многу мал процент од родителите безбедно ги превезуваат своите деца на детски седишта во автомобилите. Нешто помал процент од децата се загрозени како пешаци, а најмал е процентот на настрадани деца при управување со велосипед.

    Да се биде безбеден во сообраќајот е многу повеќе од стекнување знаење и справување во одредени ситуации, тоа првенствено е желба да се сменат ставовите и однесувањето на сите учесници во сообраќајот. Затоа навремената едукација на децата за сообраќајните правила и прописи, заложбата за нивна подготовка за успешно вклучување во сообраќајот во иднина како пешаци, возачи или патници, како и промената на ставовите и однесувањето на сите учесници во сообраќајот, е концепт кој неминовно ќе даде резултати во насока на постигнување поголема безбедност на децата во сообраќајот.

    Оттаму Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата упатува апел до родителите:

          •  Грижете се за безбедноста на вашите деца во сообрајќајот!

          •  Бидете внимателни зашто секое ваше однесување децата го прифаќаат како свое.

         •  Бидете им пример за правилно, совесно и одговорно учество во сообраќајот и почитување на сообраќајните правила и прописи.

        •  Да се погрижиме да имаме безбедни деца кои ќе бидат безбедни учесници во сообраќајот затоа што децата се нашето најголемо богатство, нашата иднина. Да ја заштитиме нашата иднина!

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Во периодот 30.09.2021- 01.10.2021 година, во Загреб се одржа Меѓународен симпозиум
    Следна Објава:
    РСБСП со апел: Внимателно и одговорно зад воланот за време на продолжениот празничен викенд!
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП започнува со „Летна кампања 2025“ – Вози одморен!
    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети
    • Ангеловски за НМ: Превентивата е клучна за долгорочно намалување на ризиците и последиците од сообраќајните незгоди

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS