РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Кавадарци како дел од „Тиквешки гроздобер 2025“ – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Кавадарци како дел од „Тиквешки гроздобер 2025“

    1. Насловна
    2. Кампањи
    8 септември 2025

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), во соработка со Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот од Кавадарци, МВР Отсекот за превенција при СВР Велес и полициските службеници од ОВР Кавадарци, на 7 септември (недела) со својот карван на безбедност во сообраќајот беше во Кавадарци на вториот ден од манифестацијата „Тиквешки гроздобер 2025“. Едукативниот инфо-штанд беше на изложбата на олд-тајмер автомобили и предизвика голем интерес кај бројните посетители.

    На штандот на РСБСП беа промовирани едукативни материјали, флаери и препоораки за подигнување на сообраќајната свест кај возачите, пешаците и најмладите учесници во сообраќајот. Посебен интерес покажаа најмладите посетители, за кои беа поделени едукативни материјали за сообраќајните правила и прописи прилагодени на нивната возраст, се со цел да се едуцираат за правилно и безбедно однесување во сообраќајот.

    Преку практична демонстрација со едукативното средство „пијани наочари“, граѓаните имаа можност директно да почувствуваат како изгледа кога се под дејство на алкохол и да ги увидат последиците од ваквото ризично однесување. Оваа активност наиде на огромен интерес кај посетителите и ја нагласи пораката за одговорно и совесно учество во сообраќајот.

    Во рамки на настанот беа опфатени актуелните кампањи на РСБСП: „Стави појас“, „Не пиј кога возиш“, „Не користи мобилен телефон кога возиш“, „Паркирај совесно-Паркирај одвоворно“, „Безбедноста на пешаците-одговорност на сите нас“, „Безбедно на мотор“, „Безбедно на е-тротинет“ и „Безбедно на велосипед – Заврти на сигурно“ наменета кон велосипедистите.

    РСБСП продолжува со своите активности во насока на зголемување на сообраќајната свест и култура преку превенција од сообраќајни незгоди, со цел создавање побезбедни патишта за сите учесници.

    " Безбедно, Безбедност во сообраќајот, Да ги заштитиме децата во сообраќајот, Кавадарци, Кампањи, карван, ОСБСП, РСБСП, СВР Велес, Скопје, Сообраќаен Карван, Сообраќај
    Претходна Објава:
    Гостување на претседателот Ангеловски во утринската на Сител ТВ
    Следна Објава:
    РСБСП со 23 нови мотоцикли и опрема за сообраќајната полиција, продолжува одличната меѓуинституционална соработка со МВР
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Претседателот и претставници на РСБСП, дел од работилница за нацрт методологијата за индикатори за безбедност во сообраќајот

    Прва национална конференција „Безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа“

    РСБСП на терен во Босилово со активности за одбележување на „Светскиот ден на жртви од сообраќајни незгоди“

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП Новогодишна кампања за безбедност во сообраќајот „Секој живот е важен“
    • РСБСП Апел за внимателно и одговорно возење во услови на магла и намалена видливост
    • Претседателот и претставници на РСБСП, дел од работилница за нацрт методологијата за индикатори за безбедност во сообраќајот

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS