Работен состанок помеѓу Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери и претседателката на РСБСП, Гордана Кожуваровска – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Работен состанок помеѓу Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери и претседателката на РСБСП, Гордана Кожуваровска

    1. Насловна
    2. РСБСП
    Работен состанок помеѓу Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери и претседателката на РСБСП, Гордана Кожуваровска
    13 април 2022

    На работниот состанок помеѓу Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери и претседателката на РСБСП, Гордана Кожуваровска беше презентирана Програмата за работа на Советот за 2022 година. На состанокот присуствуваа и секретарот на РСБСП, Владимир Лазаров и членот Вјолца Бајрами.
    Претседателката на Советот ја образложи Програмата за работа на РСБСП за 2022 година, која  се состои од голем број на сообраќајно – едукативни кампањи, настани од едукативно-образовен карактер, научно-истражувачки активности, изработка на стручна и едукативна литература, организација на едукативни трибини, предавања, стручни собири,  тркалезни маси, организација и учество на домашни и меѓународни конференции, работилници, обуки, продукција и емитување на едукативни видео материјали за сообраќајот, едукативно дејствување преку социјалните мрежи, електронските и пишаните медиуми.


    Главната цел на РСБСП и во 2022 година е унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата и намалување на бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди. Истата се очекува да се постигне преку интензивна соработка и заедничко дејствување со сите надлежни институции, во прв ред со МВР, и преку целосна реализација на предвидените активности.
    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата е советодавно тело на Собранието на Република Северна Македонија кое функционира заради унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата.
    Покрај основните задачи за унапредување и развивање на сообраќајното образование, воспитание, култура и етика кај сите учесници во сообраќајот на патиштата, РСБСП ја извршува и функцијата на еден од главните иницијатори за имплементација на мерки за подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата и координатор при дејствувањето на повеќе надлежни субјекти.
    Заклучок од состанокот е дека улогата на РСБСП како институција е континуирано залагање за подигнување на сообраќајната свест, култура и етика на сите учесници во сообраќајот. Градењето еден ваков систем на општествени вредности е најсилниот инструмент за долгорочно подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, а со тоа и трајно намалување на последиците од сообраќајните незгоди.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    И јас и ти – сите сме пешаци! Безбедноста на прво место!
    Следна Објава:
    Претседателката на РСБСП, Гордана Кожуваровска оствари средба со Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети
    • Едукативно видео: На експресен пат почитувај ги правилата кои спасуваат животи!
    • Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS