Претседателката на РСБСП, Гордана Кожуваровска оствари средба со Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Претседателката на РСБСП, Гордана Кожуваровска оствари средба со Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска

    1. Насловна
    2. РСБСП
    Претседателката на РСБСП, Гордана Кожуваровска оствари средба со Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска
    14 април 2022

    Во вторникот на 12.04.2022 година, претседателката на РСБСП, Гордана Кожуваровска се сретна со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. На средбата присуствуваше и секретарот на РСБСП, Владимир Лазаров. На истата се разговараше за досегашната соработка и за активностите кои се планираат со најмалите дечиња од предучилишните установи.
    Претседателката на Советот ја запозна Министерката со кампањите кои се реализираат во градинките, согласно Програмата за работа на РСБСП за 2022 година. Предвидени се голем број на сообраќајно-едукативни настани, предавања, емитувања на едукативни видеа и филмови, специјално прилагодени за најмалата категорија учесници во сообраќајот. За дечињата се обезбедени боенки, сликовници, флаери и друг едукативен материјал со содржини од безбедноста на сообраќајот. Во тек е кампањата ,,Младите пешаци”, каде со предавања, презентации и делење на брошури се опфатени најголемиот дел од градинките во државата.
    Претседателката потенцира дека  главната цел на РСБСП и во 2022 година е унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата и намалување на бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди, вклучувајќи ги тука и децата. Очекувањата се да се постигне интензивна соработка и заедничко дејствување на сите надлежни институции се со цел, целосна реализација на предвидените активности.
    Министерката Тренчевска го поздрави залагањето на РСБСП во сферата на едукација на децата во предучилишните установи и ја истакна отвореноста за соработка и поддршката која РСБСП ја има од Министерството за труд и социјална политика за унапредување и развивање на сообраќајното образование, воспитание, култура и етика. Сето тоа води кон долгорочно подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, а со тоа и трајно намалување на последиците од сообраќајните незгоди.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Работен состанок помеѓу Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери и претседателката на РСБСП, Гордана Кожуваровска
    Следна Објава:
    Безбедноста на пешаците на прво место! Значително намален бројот на жртви во сообраќајот
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Одржана јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“ по повод Недела на пешаците

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура
    • РСБСП и Македонското радио започнуваат директна соработка во насока на подигнување на јавната свест и сообраќајна култура
    • РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS