И јас и ти – сите сме пешаци! Безбедноста на прво место! – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    И јас и ти – сите сме пешаци! Безбедноста на прво место!

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Пешаци
    И јас и ти – сите сме пешаци! Безбедноста на прво место!
    9 април 2022

    2021 година е година со најмал број на жртви во сообраќајот во последните 15 години, а податоците од првото тромесечие во 2022 година покажуваат дека и оваа година бројот на жртвите во сообраќајни незгоди бележи тренд на намалување. Министерството за внатрешни работи, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност – Скопје продолжуваат со активностите со цел подигнување на нивото на сообраќајна култура и на тој начин намалување на бројот на жртви во сообраќајот. Денес во Битола беше организирана акција во склоп на новата кампања „И јас и ти- сите сме пешаци! Безбедноста на прво место!“. На истата беа присутни Помошникот на Министерот за односи со јавноста во МВР Тони Ангеловски, Претседателката на РСБСП  Гордана Кожуваровска и Деканот на Факултетот за безбедност – Скопје Никола Дујовски.
    Помошникот на министерот за односи со јавност во МВР Тони Ангеловски истакна дека ваквите превентивни акции особено позитивно влијаат врз на подигнувањето на нивото на сообраќајна култура, а на тој начин се намалува бројот на жртви во сообраќајот.
    „Им благодарам на нашите партнери од РСБСП, а секако задоволство ми е што во нашите активности се придружува и Факултетот за безбедност. Безбедноста во сообраќајот е одговорност на сите нас и сите заеднички мора да го подигаме нивото на сообраќајната култура. Токму како резултат на активностите што ги спроведуваме изминатите години евидентен е трендот на опаѓање на бројот на жртви во сообраќајот кој секоја година се намалува, но, се разбира, и една жртва за нас е многу, па затоа продолжуваме интензивно да работиме за уште повеќе да ја намалиме оваа бројка. Минатата 2021 година има 116 жртви и тоа е година со најмал број на жртви во сообраќајот во последните 15 години, а податоците од првото тримесечие во 2022 година покажуваат дека и оваа година продолжува трендот на намалување на бројот на жртви во сообраќајните несреќи. Во првите три месеци од 2022 година има 18 жртви, што е за 10 помалку споредено со истиот период лани, кога имало 28. Само во месец март 2022 година имаме четири жртви, а во март 2021 имало 16, што е бројка дури четири пати поголема од март 2022“ – сооопшти Ангеловски.
    „Пешачењето е суштински дел од одржливата мобилност, го подобрува здравјето на луѓето и влијае на унапредувањето на животната средина. За жал, бројот на пешаци кои страдаат во сообраќајни незгоди секаде во светот е значително висок. Токму затоа организираме едукативно-превентивни активности кои ќе овозможат  осигурување на безбедна средина во која и возачите и пешаците ќе се однесуваат одговорно и ќе бидат безбедни, за што неопходно е постојано да се работи на изградување на правилни сообраќајни навики и етичко однесување на сите категории учесници во сообраќајот. Затоа, на пешаците им препорачуваме: зголемете ја вашата видливост при движење ноќе, носете батерија и/или носете светла или рефлектирачка облека. Преминувајте ја улицата само на добро осветлени места. Секогаш кога е можно, преминувајте преку улица само на означен пешачки премин.Движете се по тротоар или по патека наместо по пат, и тоа свртени кон сообраќајот доколку тротоар или патека не се достапни. Остварете контакт со очи со возачот на возилото што доаѓа кон вас.Почекајте додека не поминат сите возила пред да тргнете да ја преминете улицата.Почитувајте ја сообраќајната сигнализација за пешаци, но секогаш имајте ја предвид и сигнализацијата за возачите.Избегнувајте користење електронски уреди како телефон или слушалки додека преминувате на пешачки премин, а избегнувајте и користење на алкохол или опојни средства затоа што тие можат да предизвикаат одвлекување на вниманието и да го нарушат расудувањето и координацијата“ – рече Претседателката на РСБСП Гордана Кожуваровска.
    Според деканот на Факултетот за безбедност Никола Дујовски новата кампања на МВР, РСБСП и Факултетот за безбедност значително ќе придонесе за актуелизирање на предизвикот за безбедно учество во сообраќајот на сите учесници, особено на пешаците како најранлива категорија.
    „Успехот на заштитата на животот и имотот на граѓаните во сообраќајот е во директна корелација со активностите на сите органи кои може да придонесат за поттикнување на сообраќајната култура и за овозможување услови за безбеден и уреден сообраќај. Тоа е дополнителната вредност на оваа кампања која го потенцира интегрираниот пристап во кој повеќе институции работат за исполнување на единствената цел – безбеденост во сообраќајот за сите! Силно ги поддржуваме активностите на МВР за превентивно дејствување преку бројните кампањи и програми за едукација на сите учесници во сообраќајот, посебно за децата и младите на кои треба да им се влијае за поинаков пристап кон сообраќајните правила и прописи. Исто така, ги поддржуваме и репресивните мерки за кои сме сведоци дека доколку се спроведуваат во   во сообраќајот и нашата примарна цел и обврска е да се вклучиме во реалните програми за градење на квалитетна политика за безбедноста на сите. И јас и ти – сите сме пешаци е само една кампања на која сме особено горди!“ -истакна Деканот Дујовски.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    РСБСП и Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност реализираа тркалезна маса на тема “Безбедност на пешаците во сообраќајот”
    Следна Објава:
    Работен состанок помеѓу Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери и претседателката на РСБСП, Гордана Кожуваровска
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Одржана јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“ по повод Недела на пешаците

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура
    • РСБСП и Македонското радио започнуваат директна соработка во насока на подигнување на јавната свест и сообраќајна култура
    • РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS