На 19.11.2024 година во Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата се изврши примопредавање на функцијата претседател на РСБСП.
Досегашната претседателка, м-р Гордана Кожуваровска, го прими новиот претседател м-р Горан Ангеловски информирајќи го за тековните активности на Советот.
Новоизбраниот претседател на РСБСП е долгогодишен професионалец и одличен познавач на сообраќајот и проблематиката во оваа област. Претседателот Горан Ангеловски е магистер по безбедносни науки, кој професионалата кариера ја поминал во Министерството за внатрешни работи каде ја извршувал функцијата Началник за сообраќај, како и останати професионални ангажмани во областа на безбедноста на патниот сообраќај.
Повеќе за личната биографија на претседателот на РСБСП🔗
Заложбите на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата секогаш биле и ќе останат во насока на издигнување на безбедноста на патниот сообраќај, како највисок општествен приоритет и употреба на целокупниот институционален и општествен потенцијал за намалување на бројот на настрадани лица во сообраќајни незгоди во Македонија.