Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), компанијата „ОКТА“ и МВР, на 1 ноември 2024 година започнаа со реализација на заедничка кампања насловена „Каде брзаш?“. Целта на кампањата е едукација на учениците од прво одделение и подигнување на свеста за нивна поголема безбедност во сообраќајот на патиштата.
Активности од кампањата се реализираа во осум основни училишта од Општина Центар во Скопје и тоа: ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, ООУ „Киро Глигоров“, ООУ „Димитар Миладинов“, ООУ „Кочо Рацин“, ООУ „Св. Кирил и Методиј“, ООУ „11 Октомври“, ООУ „Коле Неделковски“ и ООУ „Гоце Делчев“.
На учениците од прво одделение им беа одржани предавања за основните правила и прописи од сообраќајот. Компанијата „ОКТА“ на дечињата им подари боенки со содржина од сообраќајната култура и торбички, а РСБСП прирачник „Правила за малите пешаци“, „Сообраќајна песнарка“, „Сообраќајна лектира“, тетратки и друг превентивно-едукативен материјал.