Денес, м-р Гордана Кожуваровска, претседател на РСБСП, и м-р Тони Јакимовски, секретар на РСБСП, присуствуваа на првиот свечен академски час којшто се одржа во Амфитеатарот на Факултетот за безбедност – Скопје. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, заедно со Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност – Скопје, има долгогодишна соработка и спроведува повеќе кампањи и превентивно-едукативни активности за унапредување на безбедноста во сообраќајот на патиштата за сите категории учесници во сообраќајот.
РСБСП на студентите на Факултетот за безбедност – Скопје им посакува среќна и успешна академска 2024/2025 година.