На 3 и 4 октомври 2024 година, м-р Гордана Кожуваровска, претседател на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), со стручен труд учествуваше на XIV-от меѓународен симпозиум „Интердисциплинарност на логистиката и сообраќајот“. Симпозиумот се одржа во Сараево, Босна и Херцеговина, во организација на ЈУ Средно училиште за сообраќај и комуникации од Сараево.
Симпозиумот традиционално се организира еднаш годишно, со цел размена на искуства, добри практики, информации и новитети во образовните системи на шест земји од регионот (Република Босна и Херцеговина, Република Словенија, Република Северна Македонија, Република Хрватска, Република Србија и Република Црна Гора). Оваа година целите на симпозиумот беа: утврдување на заедничките аспекти на индустријата и образованието, образовните реформи во средните сообраќајни и сродните училишта, размена на искуства и знаења во подрачјето на новите техники и технологии во сообраќајот и логистиката, како и размена на искуства во подрачјето на безбедноста во сообраќајот.