Почнува зимската кампања “Користи зимска опрема” – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Почнува зимската кампања “Користи зимска опрема”

    1. Насловна
    2. Кампањи
    Почнува зимската кампања “Користи зимска опрема”
    15 ноември 2023

    Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност денеска  во Скопје отпочнаа со реализација на кампањата „Користи зимска опрема“, а во врска со законската обврска од 15 ноември до 15 март за задолжително поседување на зимска опрема во возилата. Претседателката на РСБСП Гордана Кожуваровска потенцира дека активностите имаат за цел да ги потсетат возачите на законската обврска за задолжително носење на зимска опрема во овој период, како и да се дадат препораки за одговорно управување со моторно возило и насоки за подготовка на возилата за возење во зимски услови. „На овој начин ќе се постигне поголема безбедност на сообраќајот при неповолни временски услови во зимскиот период и намалување на бројот на сообраќајни незгоди. Кампањата ќе се спроведува во повеќе градови, а на возачите ќе им поделиме и едукативен материјал со препораки за користење на задолжителна зимска опрема и проверка на возилото“, рече м-р Гордана Кожуваровска, апелирајќи до возачите да ги почитуваат правилата и прописите во сообраќајот, да го прилагодат возењето според условите на патот, да држат соодветно растојание и задолжително да користат зимска опрема, со што ќе придонесат за зголемена безбедност на сите учесници во сообраќајот. Деканот на Факултетот за безбедност Никола Дујовски рече дека само со континуирани превентивни кампањи можеме да го постигнеме посакуваното ниво на безбедност на сообраќајот на патиштата. „Започнуваме кампања за безбедно учество во сообраќајот во зимски услови, апелираме секој возач да го подготви возилото за зимата која претстои и да ги почитува прописите за задолжителна зимска опрема. Овој пат објавивме и летоци со неколку совети за возачите како побезбедно да управуваат со своите возила. Заедно со нашите партнери МВР и РСБСП ќе продолжиме активно да работиме за нашите пораки за одговорно и внимателно возење да стигнат до секој учесник во сообраќајот. Безбедноста во сообраќајот е заедничка грижа! Да ги почитуваме прописите за заедничко добро“, рече Дујовски.

    Помошникот министер за односи со јавност во МВР Тони Ангеловски потенцира дека секој учесник во сообраќајот мора да ги почитува сообраќајните правила. „Од сите нас зависи безбедноста во сообраќајот. Доколку ги почитуваме правилата, ќе имаме целосно безбедни улици и патишта. За оние пак кои не ги почитуваат правилата, ќе следат и соодветни санкции. Од денеска почнува и обврската за поседување на зимска опрема во возилата, која е многу важна за безбедно учество во сообраќајот во овој период. Покрај тоа, апелираме до учесниците во сообраќајот да ја прилагодат брзината според условите на патот и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи“, рече Ангеловски.

     

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    ДА ЈА ПОБЕДИМЕ СООБРАЌАЈНАТА НЕКУЛТУРА
    Следна Објава:
    СВЕТСКИ ДЕН НА СЕЌАВАЊЕ НА ЖРТВИТЕ ВО СООБРАЌАЈНИ НЕЗГОДИ
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS