ДА ЈА ПОБЕДИМЕ СООБРАЌАЈНАТА НЕКУЛТУРА – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    ДА ЈА ПОБЕДИМЕ СООБРАЌАЈНАТА НЕКУЛТУРА

    1. Насловна
    2. Активности
    13 ноември 2023

    На 11 ноември 2023 год. се реализираше настан „ДА ЈА ПОБЕДИМЕ СООБРАЌАЈНАТА НЕКУЛТУРА“ во рамки на проектот „Подигнување на јавната свест за важноста на културата во сообраќајот“. Носители на настанот беа: „Мотоцентар“, „Континентал“ и „Ист Гејт Мол“, во соработка со РСБСП, „Порше Клуб Македонија“ и МВР. Централниот настан се одвиваше пред Трговскиот центар „Ист Гејт Мол“ во Скопје, а во рамки на истиот имаше и дефиле на возила од „Порше Клуб Македонија“. Позитивното перцепирање на односите во сообраќајот, како и познавањето и почитувањето на законските правила и прописи, се основата на сообраќајната култура која треба да ја поседува секој учесник во сообраќајот без оглед дали станува збор за пешак, возач на моторно возило, патник, велосипедист, мотоциклист итн. За жал не можеме да речеме дека сообраќајната култура и етиката во сообраќајот се на задоволително ниво. Во РС Македонија, според податоците од МВР, во последните три години се намалува бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди, но сè уште овој број е висок во однос на земјите од Европа.Токму затоа, во рамките на своето делување РСБСП организира и спроведува низа едукативни активности, како обуки, продукција на материјали, настани и кампањи со што конкретно работиме на поголема едукација на сите учесници во сообраќајот. Дел од кампањите што ги реализираме се:

    • зимска и летна кампања,
    • кампања „Намали ја брзината – зголеми ја сообраќајната култура“
    • кампања „И јас и ти – сите сме пешаци“
    • кампања „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“
    • кампања „Не користи мобилен телефон додека возиш“ и други Покрај тоа, во континуитет работиме и на истражувања и анализи, преку кои се лоцираат слабостите во безбедноста на сообраќајот на патиштата, но и можните начини за нивно надминување. Сепак, за поголема безбедност клучна е личната одговорност на секој учесник во сообраќајот.  Затоа РСБСП ги поздравува ваквите иницијативи за подигнување на јавната свест за важноста на културата во сообраќајот и повикува за што повеќе иницијативи и давање придонес во заедничкото издигнување на безбедноста на сообраќајот на уште повисоко ниво

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    СОВЕТ ЗА МЕСЕЦ НОЕМВРИ
    Следна Објава:
    Почнува зимската кампања “Користи зимска опрема”
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Одржана јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“ по повод Недела на пешаците

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура
    • РСБСП и Македонското радио започнуваат директна соработка во насока на подигнување на јавната свест и сообраќајна култура
    • РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS