СВЕТСКИ ДЕН НА СЕЌАВАЊЕ НА ЖРТВИТЕ ВО СООБРАЌАЈНИ НЕЗГОДИ – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    СВЕТСКИ ДЕН НА СЕЌАВАЊЕ НА ЖРТВИТЕ ВО СООБРАЌАЈНИ НЕЗГОДИ

    1. Насловна
    2. Активности
    19 ноември 2023
    Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди се одбележува од 1993 год., а во 2005 година ООН го прогласи за светски ден кој се одбележува секогаш во недела во третата седмица од месецот ноември. Оваа година на 19 ноември бројни релевантни институции и организации од целиот свет се ангажираат за да се потсети јавноста на милионите лица кои загинале или биле повредени во сообраќајни незгоди, да им се даде помен на истите, но и за да се подигне свеста кај учесниците во сообраќајот за последиците од сообраќајните незгоди со цел да се намали бројот на загинати и повредени. Овој ден е посветен и на членовите на семејствата на загинатите и повредените во сообраќајни незгоди, како и на сите оние кои се соочуваат со физички или психички последици од сообраќајни незгоди, а признание им се оддава и на службите за итна медицинска помош, противпожарните единици и сиот медицински персонал, но и на сите општествени чинители кои пружаат помош на повредените и на семејствата на загинатите и повредените лица. Годишно, во светот, околу 1,35 милиони луѓе го губат животот во сообраќајни незгоди, а околу 50 милиони лица се здобиваат со повреди. Во Република Северна Македонија, минатата година, 124 лица го загубија животот во сообраќајни незгоди, а 3834 биле повредени. Според податоците за 2023 год., до месец август бројот на загинати во сообраќајни незгоди изнесува 85, додека бројот на повредени лица изнесува 2805 што е значително помалку во споредба со последните четири години. Сепак, според светската визија за нула жртви во сообраќајот, сите заеднички треба да преземаме суштински активности за зголемување на безбедноста на сообраќајот на патиштата. Затоа РСБСП упатува апел: „Возете одговорно и безбедно и дадете свој придонес за намалување на сообраќајните незгоди, со што ќе се намали и бројот на загинати и повредени лица! СТОП ЗА СМРТТА НА ПАТИШТАТА!“
    #СветскиДенЗаСеќавањеНаЖртвитеОдСообраќајниНезгоди
    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Почнува зимската кампања “Користи зимска опрема”
    Следна Објава:
    НАПРАВЕТЕ ЗИМСКА ПРОВЕРКА НА ВОЗИЛОТО
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети
    • Едукативно видео: На експресен пат почитувај ги правилата кои спасуваат животи!
    • Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS